Во Ватикан, на празникот на Свети Јустин, во вторник, 1 јуни 2021 година, е објавена Апостолската конституција „Pascite gregem Dei“ на папата Фрањо, со која се одобрени измените и дополнувањата на Шестата книга од законот на канонско право „Казнени мерки во црквата“.
Папата Фрањо истакнува дека реформата на Шестата книга на „Казнени мерки во црквата“ е започнато од неговиот претходник, папата Бенедикт XVI, и дека студијата е спроведена во духот на колегијалност и соработка со помош на правници и експерти. Тој накратко ги истакнува чекорите што доведоа до промени во казнените мерки во Црквата. „Добродетелноста бара пастирите да прибегнуваат кон казнениот систем толку често, колку што е потребно, имајќи ги предвид трите цели неопходни за црковната заедница при што потсети дека канонските казни имаат за цел поправање и спасение, а барајќи го секогаш она што е добро за верниците.
Ватикан њуз/к.мк