Папата Фрањо на 4 август ќе го посети Асизи

Папата Фрањо ќе ја посети Порциункола во Асизи, во попладневните часови на 4 август, по повод 800-годишнината од асишкото простување, кое како провидение, се совпаѓа со вонредната Света година на милосрдието. Папата Фрањо – како што е наведено на веб-сајтот на Порциункола – во едноставна и приватна форма ќе биде поклоник во папската базилика Света Марија од Ангелите, каде ќе се задржи во молитва. Веста е објавена на 4 јули од председателот на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација надбискупот Рино Физикела.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот