Папата Фрањо: Молитвата Оче наш е предавање во прегратките на Отецот
Ватикан, 20.6.2013 /к.мк/ – „Да се моли молитвата Оче наш, потребно е да се биде во мир со браќата“, рече папата Фрањо за време на проповедта во капелата на домот Света Марта во четврток 20 јуни. Папата истакна дека веруваме во Бог кој посебно ни е близок и кој не е анонимен, тој не е „космички Бог“. На светата Литургија присуствуваа вработени од Конгрегацијата за воспитување, како и вработени од Ватиканските музеи, а со Папата сослужуваше кардинал Зенон Грохолевски.
Молитвата не е магија, туку препуштање во прегратките на Отецот. Молитвата Оче наш е централна во денешното Евангелие, во Исуовата порака и денешната проповед на Папата (Матеј 6,7-15). Исус нѐ советува во молитвата да не растураме зборови, да не создаваме бучава, световна бучава, бучава на суетата, истакна папата Фрањо и предупреди дека молитвата не е магија, ниту пак со неа се прави нешто магично.
Некои одат кај гледачи кои над луѓето изговараат мноштво зборови за да ги оздрават. И тоа е паганство. Исус пак нѐ учи кај него да не доаѓаме со полно зборови, бидејќи тој сѐ знае. Првиот збор во молитвата е „Оче„, тоа е клучот на молитвата. Без изговарање на овој збор, без слушање на овие зборови не може да се моли – истакна Папата.
На кого се молам? Семоќниот Бог? Предалеку е. Не го чувствувам. На кого се молам? Космички Бог? Тоа денес е вообичаено, зарем не?… да се моли на некој „космички Бог“. Оваа наша површна култура ни го донесува тој политеистички пристап кон молитвата… Но ти мора да се молиш на Отецот! Отецот е силен збор. Мора да се молиш на оној кој те родил, оној кој на тебе лично ти даде живот. Не на „сите“ кога вели на „сите“ влегуваш во анонимност. На тебе. На мене. Треб да се се моли на оној кој го следи твојот животен пат. Го познава целиот твој живот и знае сѐ за тебе. Сѐ она што е добро, и она што не е баш добро. Тој знае сѐ. Ако не ја започнеме молитвата со овој збор, изговарајќи го не само со усните, туку најпрво со срцето, тогаш не молиме христијански.
„Оче’, тоа е силен збор, збор кој отвора врати“ Во моментот на жртва, рече Папата, Исак забележува дека нешто не е во ред, бидејќи „недостасува јагнето“, но Исак се надева на својот татко, и „својата грижа ја предава во срцето на неговиот татко“. „’Оче’, тоа е оној ист збор кој го изговори и „оној син“ кој замина со својот дел од наследството, во моментот кога посака да се врати дома. А кога го виде „таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.“, паѓајќи пред него од љубов. „Татко, згрешив.“ Тоа е клучот на секоја молитва, рече Папата, „чувствувајќи се љубен од Отецот“.
Имаме Отец, Тој ни е многу, многу близок. И нѐ прегрнува… Сите наши грижи… да ги препуштиме на Отецот: Тој знае што ни е потребно. Но Оче… што? Оче мој? Не, туку: Оче наш! Бидејќи јас не сум син единец, никој од нас не е тоа. Ако не можам да станам брат, тешко дека ќе бидам син на својот Отец, имено тој е татко – на сите. Мој, но секако и Отец на другите… Отец на моите браќа. Затоа ако не сум во мир со своите браќа, не можам на Него да му кажам ‘Оче’.
Сега е јасно зошто Исус после поуката за „Оче наш“ рече дека Отецот нема да ги прости нашите гревови, ако и ние не ги простуваме на другите. „Тешко е да се простува на другите, навистина е тешко, бидејќи понекогаш во себе не можеме нешто да прежалиме“. Мислиме дека со одложувањето на простувањето ќе возвратиме за „услугата“ на оние кои не ни направиле добро.
Но не, не може да се моли со непријателот во срцето, со браќата и непријателите во срцето – не е можно да се моли. Ова навистина е тешко, да тешко, воопшто не е лесно. Некој ќе каже: ‘Јас не можам да кажам во молитва ‘Оче’, едноставно не ми доаѓа тој збор Ја сфаќам таа потешкотија. Други ќе кажат: Не можам да кажам ‘наш’, бидејќи тој ми направи тоа, оној тоа… Но тоа не оди така! Некои велат: Некои луѓе поради нивните дела треба да се пратат во пеколот. Навистина, тоа не е лесно. Но Исус ни го вети Светиот Дух, тој нѐ учи од внатре, од срце, како да кажеме ‘Оче’ и како да кажеме ‘наш. Да го молиме денес Светиот Дух да нѐ научи на тој збор ‘Оче’ да нѐ научи да изговориме ‘наш’, помирувајќи се со сите свои непријатели. (го*ко)