Во проповедта за време на светата Литургија по повод затворањето на Епископската синода за Амазонија, папата Фрањо истакна дека за практикување на ‘Божјата религија’, а не не ‘религија на сопсвтеното Јас’, мораме да се признаеме за сиромашни во себе и да настојуваме крикот на сиромашните да стане наш, па така и нашата молитва ќе се воздигне директно до Бог. Постојат католици, кои забораваат дека вистинското почитување на Бог секогаш се остварува преку љубовта кон ближните.
Крикот на сиромашните е крик на Црквата – рече Папата во недела 27 октомври 2019 година за време на светата Литургија во базиликата Свети Петар, која ја служеше по повод затворањeто на Епископсата синода за Амазонија. Во денешното Евангелие Исус ни зборува преку параболата за фарисејот и цариникот – истакна Папата и додаде: Молитвата на фарисејот започнува: Боже ти благодарам. Најдобрата молитва е пофалната и благодарната. Но веднаш гледаме дека се фали како најдобро ги исполнува прописите, а во суштина заборава на она што е најважно, да се љуби Бог и ближниот. Потполно е свртен на себе и е без љубов. Но и најдобрите работи без љубов не користат ништо. Се наоѓа во Божјиот храм, но ја практикува религијата на сопственото ЈАС.
Фарисејот се смета подобар од останатите кои ги нарекува „другите“ – рече Светиот Отец и додаде: Тие за него се ‘други и отпадок’ од кои треба да се држи дистанца. Колку пати сме виделе дека тоа се случува во животот и историјата. Колку има замислена надмоќ и денес, која се претвора во угнетување и искористување. Грешките од минатото не беа доволни за да престанеме другите да ги ограбуваме и да нанесуваме рани на своите браќа и на сестрата земја. Го видовме тоа и на избразденото лице на Амазонија. Религијата на сопсвтеното ЈАС продолжува, лицемерна во своите обреди и во молитвите заборава на вистинското почитување на Бог кој секогаш поминува преку љубовта кон ближниот. Да молиме за милост да не се сметаме за важни, да не бидеме цинични и арогантни, да не оговараме, да не се жалиме на другите и никој да не презираме, затоа што тоа не му е мило на Бог.
Цариникот молитвата не ја започнува со своите заслуги, туку со недостатоците, не започнува од своето богатство, туку од сиромаштвото – рече Папата и додаде: Се признава за сиромашен пред Бог и Господ ја слуша неговата молитва. Стоел на крајот од храмот, не се осудувал да ги подигне очите кон небото, верувал дека небото постои и дека е големо, а тој дека е мал. Се удирал во градите, затоа што градите се срцето. Неговата молитва се родила во срцето и била јасна. Пред Бог го ставил своето срце, а не својата надворешност. Тоа значи да се моли и на Бог да му се дозволи да нѐ гледа одвнатре, без преправање, изговори и оправдување. Затоа што од ѓаволот доаѓа темнината и невистината, а од Бог светлото и вистината. Беше убаво и благодарен сум драги синодални браќа и оци, што овие недели разговаравме со срцето и искрено, изнесувајќи ги напорите и надежта пред Бог и браќата.
Гледајќи денес на цариникот, откриваме дека треба да почнеме од уверувањето дека сите имаме потреба од спасението – рече Папата и додаде: Тоа е првиот чекор кон Божјата религија која е милосрдна кон оние кои се признават за сиромашни. Имено, коренот на секоја духовна грешка, како што поучувале страите монаси, е да се верува дека сме праведни. Да се сметаме за праведни значи да се остави на Бог надвор од куќата, кој единствено е праведен. Многу е важно тоа минливо однесување кое Исус ни го покажува, ставајќи заедно во парабоолата личност која во она време се сметала за најпонизна и најпобожна, фарисејот и јавниот грешник, цариникот.
Меѓутоа оној кој изгледа добар, но е арогантен, греши; кој е лош, но понизен, него Бог го воздигнува – рече Светиот Отец и напомена: Ако искрено погледнеме во својата внатрешност, во себе го гледаме и фарисејот и цариникот. Цариници сме затоа што сме грешници; фарисеи сме затоа што сме горделиви, се оправдуваме и сме уметници во оправудвањето. Тоа важи за пред другите, но не и за пред Бог. Да молиме за милост како би чувствувале дека имаме потреба од милосрдие и дека во себе сме сиромашни. Токму сиромашните нѐ потсетуваат дека и ние сме сиромашни и дека Божјото спасение делува само во рамки на внатрешното сиромаштво.
Молитвата на сиромашните, вели Сирах, продира низ облаците – рече Папата и истакна: Додека молитвата на оној кој се замислува дека е праведен останува на земјата притисната со силата на себичноста, молитвата на сиромашните се воздигнува директно до Бог. Сиромашните се вратари на небото кои ќе ни ја отворат вратата на вечниот живот. Не се сметале за господари на животот, не се ставале пред другите и богатството им биле во Бог. Сиромашните се живи икони на христијанското пророштво.
За време на оваа синода имавме можност да го слушнеме гласот на сиромашните и да размислуваме за несигурноста на нивните животи кои се загрозени од ограбувачкиот модел на развој. Тие многу ни посведочија дека токму во таква ситуација е можно да се гледа реалноста на поинаков начин, прифаќајќи ја со двете раце како дар, користејќи го создаденото, не како средство кое треба да се искористи, туку како дом кој треба да се чува, верувајќи во Бог. Тој е Отец и како што вели Сирах, „ја слуша молитвата на обесправениот“. Колку пати и во Црквата гласот на сиромашните не се слуша, се исмејува и замолчува, затоа што е непријатен. Да молиме за милост да знаеме да го слушаме крикот на сиромашните. Тој крик е надеж за Црквата. Кога нивниот крик ќе стане наш, и нашата молитва ќе помине низ облаците – рече ана крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк