Папата Фрањо именува нов патријарх на Лисабон

Папата Фрањо именува нов патријарх на Лисабон

Монсињор Руи Мануел Соуса Валерио, Монфортанец, поранешен воен ординариј во Португалија, го наследува кардиналот Мануел Клементе, кој беше со папата Фрањо во изминатите денови, за време на Светскиот ден на млади.

Интензивните моменти од Светскиот ден на млади, кои тој целосно ги сподели со Папата, беа по десет години пасторална служба, одличен завршеток како поглавар на црквата во Лисабон. Станува збор за 75-годишниот кардинал Мануел Клементе, кој своето место му го препушта на својот наследник, монсињор Руи Мануел Соуса Валери, 58-годишен Монтфортанец, поранешен воен ординариј во Португалија, кого папата Фрањо на 10 август 2023 година го именува за нов патријарх на португалската престолнина.

Биографија

Роден на Бадник 1964 година во Орем, во бискупијата Леира-Фатима, бискупот Соуса Валерио ги завршил своите студии во Рим – филозофија на Латеранскиот универзитет и теологија на Грегоријанскиот универзитет –  добивајќи лиценцијат по догматска теологија. Потоа посетува филолошки курс на Универзитетот Ла Сапиенца во Рим и курс за духовност во Меѓународниот монфортански центар во Лувен, Белгија. Во 1990 година влегува во Редот на Марија (Мисионери Монфортанци), а во март следната година бил ракоположен за свештеник.

Меѓу службите што ги извршувал, бил парохиски свештеник во Лисабонската патријаршија и воен капелан во Поморската болница во главниот град и во Поморската школа во Алфаете. Во својата конгрегација бил претпоставен за заедницата во Португалија. Во октомври 2018 година е именуван за воен ординариј во Португалија, а за бискуп е хиротонисан на 25 ноември истата година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот