На 13 мај во Црквата се слави Пресвета Богородица Фатимска. Затоа папата Фрањо на својот профил на твитер упати порака во која потсетува дека Пресвета Богородица нѐ води на патот на светоста.
Маријо Богородице Фатимска сигурни сме дека секој од нас е драгоцен во твоите очи, и дека ништо не ти е туѓо од сето она што престојува во нашите срца. Чувај го нашиот живот во своите раце, води нѐ сите нас на патот на светоста – напиша Папата.
Папата Фрањо беше четвртиот Папа кој ја посети Фатима, после Павле VI во 1967 година, Бенедикт XVI кој Фатима ја посети во 2010 година, а свети Иван Павле II Португалија ја посетил три пати во 1982, 1991 и 2000 година. Токму за време на првата посета на Фатима во 1982 година една година по атентатот на плоштадот Свети Петар, папата Војтила го подари куршумот кој беше истрелан во него, а кој подоцна е вграден во круната на Пресвета Богородица Фатимска.
Папата Фрањо пак светилиштето во Фатима го посети по повод 100 годишнината од објавата на 12 и 13 мај 2017 година и во таа прилика ги прогласи за светци Фрањо и Јацинта малите пастири кои починале многу млади, како што самата Пресвета Богородица им навестила. За блажени ги прогласи свети Иван Павле II на 13 мај 2000 година по повод последното патување во Португалија. Нивната роднина Луција чуварка на пораките кои Пресвета Богородица и ги довери, а кои беа поделени во три дела почина во 2005 година. Денес е слугинка Божја, по отворањето на каузата за беатификација во 2008 година, која Бенедикт XVI ја одбри иако немеше поминато 5 години од нејзината смрт.
Ватикан љуз/к.мк