Папата Фрањо: Заштитата на создаденото е христијанска одговорност

Сите христијани се обврзани да го чуваат созданието. Ова е пораката на Папата во понеделникот за време на проповедта на светата Литургија во домот Света Марта.

Христијаните се повикани да го чуваат создаденото – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 9 февруари во капелата на домот Света Марта, а потоа зборуваше за „второто“ или Исусовото создавање“ со кое Господ го обнови она што гревот го уништи.

Бог го создаде универзумот, но создавањето не завршило; Он постојано го поддржува она што го создал – рече Папата коментирајќи го литургиското читање земено од Прва Книга Мојсеева, во кое е опишано создавањето на светот. Во денешното Евангелие пак го гледаме „второто Божјо создавање“, Исусовото создавање, обновување на она што гревот го уништи – рече Светиот Отец.

Исус е меѓу народот, а сите кои го допирале се спасувале: тоа е новото создавање. Ова е друго создавање почудесно од првото; величествено е. На крајот тука е уште една работа, а тоа е „постојаноста во верата“, што е дело на Светиот Дух. Бог создава, а ние пак треба да се запрашаме како се однесуваме кон Божјото создавање, делото на Божјата љубов – рече папата Фрањо.

На првото создавање треба да одговориме со прифаќање на одговорноста која Бог ни ја дава: Земјата е ваша, грижете се за неа, обработувајте ја и усовршувајте ја. За земјата сме и ние одговорни; за растот на создаденото; треба да ја чуваме природата почитувајќи ги нејзините закони. Ние не сме господари на создаденото. Тоа е првиот одговор – истакна Светиот Отец.

Зборувајќи пак за обврската на чувањето на создаденото, Папата рече дека почитувањето на природните закони е првиот одговор на Божјото создавање: да го чуваме создаденото. Кога ќе видиме собрани луѓе кои расправаат за заштита на создаденото мислиме дека ти се „зелени“. Но, не тоа е христијанскиот одговор на првото Божјо создавање. Тоа е наша одговорност. Ако христијанинот не го чува создаденото, ако не го усовршува, тогаш значи дека не го интересира што Бог прави за нас од љубов – рече Папата повторувајќи дека тоа е нашиот прв одговор.

Зборувајќи за нашиот одговор за второто создавање рече дека свети Павле повикува да дадеме да се „помириме со Бог“; да одиме по патот на внатрешното лично и заедничко помирување, бидејќи мирот е дело Христово. Повикувајќи се на апостолот на народите Папата рече дека не смееме да го натажуваме Светиот Дух Кој делува во нас, додавајќи дека ние „веруваме во личноста Бог: Отецот, Синот и Светиот Дух. Сите три Божествени лика се вклучени во ова создавање: во повторното создавање, во постојаната обнова на создаденото. Нашиот одговор на Тројството е: чување и усовршување на создаденото; секојдневно помирување со Исус и со Бог во Исус Христос и соработка со Светиот Дух Кој гостува во нашето срце, нè следи и воздигнува. Нека Господ ни подели милост на разбирање на Неговите дела за правилно да одговориме на Неговата љубов – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот