Папата Фрањо на 15 јуни 2023 година по фаталниот бродолом на мигранти во Средоземното Море испрати телеграма со сочувство до Апостолскиот нунциј во Грција.
Откако дозна за трагедијата со бродоломот со мигранти кај грчкиот брег на 14 јуни, папата Фрањо испрати телеграма со сочувство до надбискупот Јан Ромео Павловски, Апостолски нунциј во Грција.
Првичните извештаи покажаа дека најмалку 78 луѓе се удавиле, а повеќе од 100 се спасени. Сепак, преживеаните тврдат дека на бродот би можело да има дури 750 луѓе, меѓу кои и многу деца.
Грција вели дека тоа е една од најголемите мигрантски трагедии во областа и прогласи тридневна жалост.
Во телеграмата потпишана во име на Папата од државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, Светиот Отец наведува дека е „длабоко ужаснат кога дознал за бродоломот кај грчкиот брег со катастрофални загуби на животи“.
Испраќајќи искрени молитви „за многуте мигранти кои загинаа, за нивните најблиски и за сите оние кои се трауматизирани од оваа трагедија“, Светиот Отец моли за Господовите дарови на „сила, истрајност и надеж“ на преживеаните и на персоналот за итни случаи кој обезбедува грижа и засолниште.
Ватикан њуз/к.мк