Папата упати порака до ФАО по повод Светскиот ден на храна.
Во видео пораката за Светскиот ден на храна, кој оваа година се совпаѓа со денот кога е формирана организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Папата ја повика меѓународната заедница да донесе храбра одлука – со парите кои се вложуваат за оружје и други воени трошоци да се формира „Светски фонд“ како во потполност би се отстранила гладта во светот.
Во време на полно контрадикции, во предизвикот со гладта во светот треба да се одговори со конкретно делување, затоа што е срамота за човечкиот род сѐ уште да има многу луѓе кои умираат поради недостаток на храна – истакна папата Фрањо во видео пораката, која на шпански јазик ја испрати до директорот на организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, Ку Донгу. Пораката Папта ја упати по повод Светскиот ден на храна, кој се славеше на 16 октомври, точно на 75. годишнината од формирањето на организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, позната како ФАО, која е основана на 16 октомври 1945 година.
Ватикан њуз/к.мк