Папата Фрањо на 18 јануари ги прими риболовците од италијанскиот град Сан Бенедето дел Тронто, заедно со нивниот бискуп Бресцијани и неколку свештеници кои ги придружуваат на нивниот духовен пат, и во таа прилика ги повика да не губат надеж во неизвесноста на оваа опасна и напорна работа, пофалувајќи го исто така нивниот ангажман да го исчистат морското дно од отпад.
Работата на рибарите често е ризична и напорна, мора да се цени, поддржувајќи ги нивните права и оправданите копнежи, за да не ја изгубат надежта пред непријатностите и несигурностите, за да не бидат искушувани од желбата за сирурна работа на копно -е речекажа Папата Фрањо на аудиенцијата на 18 јануари кога ги прими рибарите од Сан Бенедето дел Тронто, заедно со нивниот бискуп Карло Бресцијани и неколку свештеници кои ги придружуваат во нивниот духовен пат.
На море излегувате со голема желба, жртва и со некоја опасност, по добро и лошо време, за да дојдете до она што е потребно за живот – рече Папата истакнувајќи: Вашите сакани со вас ги делат тешкотиите и несигурностите што ги вклучува овој вид на живот. Вие сте важна категорија во животот на вашата област. Меѓутоа, заради напредокот што го карактеризира модерното општество, понекогаш може да бидете во искушение да побарате сигурна работа и да го напуштите бродот. Но, кој е роден на море, не може да го искорени од своето срце.
Ве охрабрувам да не губите надеж во непријатноста и неизвесноста со кои за жал мора да се справите. Нека не ви недостига храброст! – рече Светиот Отец, истакнувајќи: Во исто време, вашата работа, која е често опасна и тешка, треба да се вреднува со зачувување на вашите права и оправдани кокпнежи. Ви благодариме за посветеноста на закрепнувањето на морското дно што го преземавте со други здруженија и во соработка со властите. Овој потфат е многу важен, како заради големата количина на отпад, особено пластика, така и затоа што станува повторлив модел во другите области на Италија и во странство.
Резултатот од собраните 24 тони отпад е пример за тоа како локалното граѓанско општество може и мора да учествува во решавање на прашања од општо значење, без да одземе ништо, освен да поттикнува одговорност на институциите – рече папата Фрањо, потсетувајќи: Работата на рибарот е стар занает, и во евангелието читаме за настани поврзани со тоа. Првите ученици на Исус беа ваши колеги. Сакам да мислам дека дури и денес, како христијани, го чувствувате духовното присуство на Господ.
Вашата вера нека вдахноува скапоцени вредности, као што се народните побожности, која се гледа во довербата кон Бог, во молитвата и христијанското воспитување на децата, почит кон семејството и чувство на солидарност заради што чувствувате потреба да си помагате едни на други. Не губете ги тие вредности! На крајот, Папата на рибарите од Сан Бенедетто дел Тронто ја довери Блажена Дева Марија која во нивниот град се почитува како Богордица од морето, и свети Фрањо Павелски, заштитиник на луѓето на море.
Ватикан љуз/к.мк