Папата Фрањо: да се искорени злоупотребата на детската работа

Веднаш по катехезата на Генералната аудиенција во среда 11 јуни 2014, Папата папата упати апел до Меѓународната заедница да се искорени злоупотребата на детската работа.

Утре на 12 јуни се слави Светскиот ден на борбата против искористување на детска работа. Десетици милиони деца – слушнете добро: децетици милиони деца! – се  присилени да работат во понижувачки услови, изложени на облици на ропство и експлоатација како и злоупотреба и дискриминација. Искрено се надевам дека меѓународната заедница ќе ја прошири социјалната заштита на малолетниците за да се искорени таа епидемија. Да ја обновиме сите, а посебно семејствата својата преданост на секое момче и девојче да им се загарантира зачувување на нивното достоинство и можност за здрав раст. Радосното детство овозможува на децата да гледаат со доверба на животот и иднината. Ве повикувам сите да се помолите на Богородица која во рацете го држи Детето Исус, ве повикувам да се молите на Богородица за тие момчиња и девојчиња чија работа се злоупотребува.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот