На нашиот од во верата потребно е да се сретнеме со Господ – истакна папата Фрањо во пладневниот наговор на 14 јануари 2018 година за време на молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар. Светиот Отец потсети дека и денешната Литургија, како и онаа на празникот Богојавление и празникот Крштение Господово ја нуди темата за објавата на Господ. Напомена дека овој пат Иван Крстител е тој кој ги упатува своите ученици на Исус Христос како Јагне Божјо, повикувајќи ги да го следат. Истото важи и за нас: оној за кого размислувавме во божиќното таинство, сега сме повикани да го следиме во секојдневниот живот – рече Папата и продолжи: Денешното Евангелие совршено нѐ воведува во времето низ годината, време кое служи за оживување и потврдување на нашиот пат на вера во секојдневниот живот, во динамика која се движи помеѓу богојавление и учеништвото, објава и повик.
Потоа папата Фрањо напомена дека денешното евангелие упатува на важни карактеристики за одењето во вера на учениците и тоа за сите времиња, па така и за нас, поаѓајќи од прашањето: „Што барате?“ (Иван 1,38) кое Исус го упати на двајцата ученици, кои потоа, поттикнати од страна на Иван, почнаа да го следат. Тоа е истото прашање кое на воскресното утро Воскреснатиот го упати на Марија Магдалена: „Кого го бараш?“ (Иван 20,15). Секој од нас како човечко битие е во потрага за нешто: за среќа, за љубов, добар и полн живот. Бог Отецот ни го даде сето тоа преку својот Син Исус – рече Папата.
Во таа потрага главна улога на вистински сведок е оној кој прв го објави патот и го сретна Господ – рече Светиот Отец и продоложи: Во Евангелието Иван Крстител е тој сведок. Од таа причина тој може да ги упати учениците кон Исус, кој потоа ги вклучува во ново искуство говорејќи им: „Дојдете и видете“ (Иван 1,39). Папата напомена дека тие двајца ученици повеќе не можеле да ја заборават убавината од таа средба и тоа до таа мерка што евангелистот го запишува дури и времето: „Тоа беше отприлика околу десетиот час“ односно 16 часот. Само личната средба со Исус го раѓа патот на верата и учеништвото – рече папата Фрањо и додаде: Може да имаме многу искуство, да реазлизираме многу работи, да воспоставиме односи со многу луѓе, но само средбата со Исус, во оној час кој му е познат на Бог, може да даде чувство на полнина во нашиот живот и да го направи плодни нашите проекти и иницијативи.
Не е доволно да се создаде слика за Бог која е врз основа на слушање; потребно е да се појде во потрага за божествениот Учител и да откриеме каде живее – истакна Светиот Отец и продолжи: Прашањето кое двајцата ученици му го поставија на Исус: Каде живееш?, поседува силна духовна смисла; искажува желба да се дознае каде живее Учителот, како би можеле да бидат со Него. Животот со вера се состои во горливата желба да бидеме со Господ и спрема тоа, во постојана потрага за местото каде Тој живее. Повикани сме да ги надминеме вообичаената и нормална религиозност оживувајќи ја средбата со Исус во молитвата, размислувањето за Словото Божјо и често примање на светите Тајни како би биле со Него и да донесуваме плод, благодарејќи му на Него, Неговата помош и Неговата милост.
Да се бара, да се сретне, да се следи: тоа е патот – објасни папата Фрањо и наговорот го заврши со следните зборови: Нека блажена Девица Марија ни помогне во таа смисла како би го следиле Исус, за да одииме и да бидеме таму каде Тој престојува, како би го слушале Словото на живот, за да се држиме до Оној кој ги зема гревовите на светот, како во Него би најделе надеж и духовен поттик.
После молитвата Ангел Господод Папата истакна дека денес се одбележува Светскиот ден на мигранти и бегалци, потсетувајќи дека утринава служеше света Миса со мигранти и бегалци кои престојуваат во Римската бискупија. Во својата порака за овој Ден истакнав дека мигрантите денес се знак на времето – истакна Папата и продолжи: Секој странец кој ќе тропне на нашата врата е можност за средба со Исус Христос, кој се поистоветува со приматите и одбиените странци во сите времиња (сп. Матеј 25, 35-43) (…).
Во таа смисла сакам да потврдам дека нашиот заеднички одговор може да се изрази со четири глаголи, втемелени на принципите на Црковната наука: прифати, заштити, промовирај и интегрирај. Потоа најави дека од пасторални причини Светскиот ден на мигранти и бегалци во иднина ќе се одбележува во втората недела во септември. Така следниот 105. Светски дена на мигранти и бегалци ќе се одбележи на 8 септември 2019 година.
Папата Фрањо освен тоа потсети дека утре заминува на својата Апостолска посета во Чиле и Перу, повикувајќи ги верниците да го следат со молитвите и заврши поздравувајќи ги сите поклоници, верници и посетители.
РВ/к.мк