Папата Фрањо: Да не бидеме мажи и жени кои гледаат само на себе

Папата Фрањо: Да не бидеме мажи и жени кои гледаат само на себе

Папата Фрањо во понеделник 25 јуни 2018 година ги прими во аудиенција претставниците на Папската академија за живот, која го одржува 24. Генерално собрание на тема: Еднакви по раѓање? А после? Глобална одговорност“ и поттикна на размислување за биоетиката, но не поаѓајќи од болеста и смртта, туку од длабокото уверување за недопирливото достоинство на човечката личност. Вдахнувајќи се од темата Папата Фрањо изнесе внимателна анализа за етичкиот и духовниот квалитет на животот во сите негови периоди.

Иако слаб и болен, сепак е живот

Постои живот кој е во семејството и заедницаат, живот кој се нарекува и надеж – рече Папата. Ранет, поврден, маргинализиран, отфрлен, но сепак секогаш е живот, онака како што постои вечен живот. Светиот Отец го спомна придонесот на биологијата, која ги истражува телесните, хемиските и механичките погледи и истакна дека не треба да се заборави да се шири и подлабока перспектива, која бара внимание токму кон човечкиот живот, кој се појавува на сцената на светот со убавината на говорот и размислувањето, чувствата и духот. „Убава“ активност на животот е раѓањето на нови личности, воспитување на нивните духовни и креативни квалитети, упатување на љубов кон семејството и кон заедницата, грижа за ранливоста и раните; како и упатување да живеат како деца Божји, со Исус Христос.

Да се избегнува валканата игра на смртта

Папата Фрањо потоа напомена дека откажувањето од животот, да се дозволи сиромашните да гладуваат, прогонствата од војна, и старите лица да бидат напуштени, значи да се занимаваме со валканата работа на смртта, што е грев. Злото се обидува да нѐ увери дека смртта е крај на сѐ, дека на светот сме дојдени случајно и дека ни е одредено да завршиме ништавно. Тоа значи се се свртиме кон самите себе како Нарцис, кој шири прилично заразен духовен вирус – истакна Папата. Не осудува да станеме мажи-огледало и жени-огледало, кои гледаат само себе и ништо друго. Тоа е како да сме слепи за животот и за неговата динамика, бидејќи тој е примен од други, но бара одговорно да се стави во оптек за другите.

Биоетиката е заштита на човечкото достоинство

Поради тоа задачата кон која треба да се стремиме е да се прекине соучеството со валканите работи на смртта, да се оддалечиме од болеста и смртта и да се избере смислата на живот, да се одреди вредноста на личноста. Така глобалната биоетика ќе биде посебен начин за развој на перспективата за целосна екологија, која е опишана во енцикликата „Лаудато си“.

Телото е дар Божји

Светиот Отец потоа посебно го истакна телото, кое нѐ става во директна врска со околината и другите живи битија Да се прифати значи да се прими како Божји дар; значи да се прифати целиот свет како дар на Отецот и заеднички дом, бидејќи логиката на сопственост над сопственото тело се претвора во логика која понекогаш е лесна превласт над созданието. Да се научи да се прифати сопственото тело, грижата за него и почитувањето на неговото значење е многу важно за вистинската човечка екологија – истакна Светиот Отец и додаде дека е потребно исто така да се цени сопственото тело во неговата женственост или машкост, како би можеле да се препознаеме себе, среќавајќи го другиот, кој е поинаков од нас.

Храбар морален отпор

Заштитата на невиниот, кој не е роден, треба да биде јасна, неколеблива, бидејќи во игра е достоинството на човечкото битите, кое секогаш е свето; и тоа бара љубов кон секоја личност без разлика на неговиот развој. Но еднакво така е свет и животот на сиромашните, кои веќе се родени, кои трпат во беда, во напуштеност, исклученост, во трговијата со луѓе, во сокриената евтаназија на болните и старите без никаква грижа, во новите облици на ропство и во сите облици на отфрлања – напомена Папата и истакна дека треба да се прашаме за последното одредиште од животот, кое може да го врати достосинтството и смислата на неговите најдалабоки и најсвети чувства.

Да се гледа на последното одредиште од животот

Човечкиот живот, е толку убав што восхитува и кревок кога умира, праќа подалеку од самиот себе; ние сме бесконечно повеќе од она што можеме да го направиме за себе. Човечкиот живот меѓутоа е и неверојатно издржлив, токму поради таинствената милост која доаѓа одозгора, во големината на својот повик за праведност и на крајот победа на љубовта – напомена Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот