Папата Фрањо: Да ги изгониме идолите на световноста

Ватикан, 6.6.2013 /к.мк/ – Секој од нас има свои мали или големи идоли, но патот кој води до Бог бара екслузивна љубов кон Него, како што не учи Исус. Ова го изјави папата Фрањо за време на светата Литургија во четврток 6 јуни, која ја служеше во капелата на домот Света Марта во Ватикан. Заедно со Папата служеа Хозе Витина архиепископ од Куритиба – Бразил, Хуан Сегура, епископ од Ибица – Шпанија, епископот Чиријат Антони од Индија. На светата Литургија присуствуваа вработени од ватиканската Апостолска библиотека, заедно со заменик префектот Амброџо Паицони и претставници од Латеранскиот универзитет, придружени од заменик ректорот монсињор Патрик Валдрини.

Кога пристапи еден од книжниците до Исус и го праша: „Која е прва од сите заповеди?” (Марко 12,28-32), најверојатно неговата намера не била толку безопасна. Папата Фрањо ја започна својата проповед, оценувајќи го книжникот кој пристапува до Исус и според текстот од евангелието остава впечаток дека „сака да го искушува“, па „дури и да го натера да падне во стапица“. Исус му одговори цитирајќи од Светото Писмо: „Прва од сите заповеди е: ‘Чуј Израеле! Господ, Бог наш, е еден Господ. Папата обрна внимание на Исусовите зборови: „Не си далеку од царството Божјо.” Всушност, објасни папата Фрањо, со овие зборови, „не си далеку”, Исус сака да каже на книжникот: „Ти добро ја знаеш теоријата”, но „ти недостасува уште еден пат до царството Божјо”, односно пат, кој треба да се помине, пат на преобраќање „исполнувајќи ја оваа заповед”, бидејќи „Бог се исповеда“ кога „се наследува со животот”:

„Не е доволно да се каже: Но, јас верувам во Бог, Бог е единствениот Бог. Но како ја живееш оваа заповед на твојот животен пат? Зошто велиме: Господ е единствениот Бог, нема други како него, а живееме, како Тој да не е единствениот Бог и како да имаме други богови на располагање … Постои идолопоклонство, кој е влезен во нас преку световниот дух. Тука Исус беше јасен: духот на светот, не. И бара од Отецот да не заштити од световниот дух. На последната вечера, Исус сака да бидеме заштитени од световниот дух, кој нè води во лицемерие”.

Идолопоклонство – продолжи папата Фрањо – е суптилна, сите „си имаме наши скриени идоли”. За да стигнеме во Царството Божјо, за да не бидеме далеку од него, не упатува да ги пронајдеме нашите сокриени идоли. Однесување, кое веќе е познато и од Библијата – потсети Папата – во настанот, кога Рахила, сопругата на Јаков, која ги прикрива идолите донесени од домот на својот татко и ги сокрива во седлото на својата камила (Битие, 31,34). И ние исто така, рече папата Фрањо, „имаме идоли во седлото на нашата камила“… Треба да ги бараме и да ги уништиме, бидејќи за да го следиме Бог, има само еден пат, пат на љубовта, која се темели на верноста.

„Верноста бара од нас да ги изгониме идолите, да ги разоткриеме: кои се сокриени во нашата личност, во нашиот начин да живееме. А тие сокриени идоли не ни помагаат да бидеме верни во љубовта. Апостол Јаков вели: кој е пријател на светот, тој е непријател на Бог, и ги нарекува: Прељубници! Ги осудува и ги нарекува: прељубници. Зошто? Зашто кој е ‘пријател’ на светот е еден прељубник, не е верен на љубовта Божја! Патот за да не бидеме далеку, за да одиме напред, да одиме кон Царството Божјо, е пат на верност, кој наликува на оној од брачната љубов”.

И покрај „малите или големи идоли кои ги имаме”, како е возможно – се прашува папата Фрањо – да бидеме неверни „на една толку голема љубов?”. За да бидеме верни потребно е да имаме доверба во Христос, кој е „полна верност” и кој „ толку многу нè љуби”:

„Денес можеме да молиме од Исус: Господи, ти си толку добар, научи ме на овој пат, за да бидам секој ден помалку оддалечен од Царството Божјо, пат со кој ќе ги истерам сите идоли. Тешко е, но треба да почнеме … Идолите, кои ги имаме сокриено во многу седла, во нашата личност, нашиот начин на живот: да ги изгониме идолите на световноста, кои не наведуваат да бидеме Божји непријатели. Да го молиме денес Исус за овааа благодат. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<