Папата Фрањо: Голема е загриженоста за Блискиот Исток

Папата Фрањо: Голема е загриженоста за Блискиот Исток

Блискиот Исток би можел да остане без христијани – предупреди папата Фрањо на аудиенцијата во петок 22 јуни 2018 година на која ги прими учесниците на Генералното собрание на ROACO, Унија на организации за помош на Источните цркви.

Сакав да ви го прочитам подготвениот говор, но бидејќи загриженоста за Блискиот Исток е многу голема, си дозволувам да кажам нешто без подготвен текст – така ја започна Папата аудиенцијата со учесниците на Генералното собрание на ROACO. Денес Блискиот Исток е крстосница на тешки ситуации од кои се страда, а на Блискиот Исток постои и опасност – сакам да кажам дека тоа е нечија волја – христијаните потполно да се избришат. Блиски Исток без христијани… Не би би бил повеќе Блиски Исток – рече Светиот Отец.

Превласт на големте сили

Блискиот Исток денес страда, плаче – напомена Папата – а светските сили го гледаат Блискиот Исотк без да се грижат многу за културата, верата и животите на тие народи, туку го гледаат како би преземе некој негов дел и би имале поголема власт. Навистина бројот на христијаните на тие простори, во колевката на христијанството, е сѐ помал. А многу и не сакаат да се вратат бидејќи страдањата се големи – напомена Папата.

Големо наследство кое треба да се чува

Вашата работа за помош на Блискиот Исток е многу важна – истакна Папата и потоа се заблагодари за нивната работа. Колку богатства има во Црквите на Блискиот Исток – рече Светиот Отец и додаде: нивната теологија, литургија. Треба да ја чуваме таа голема традиција и да се бориме да се зачува. Таа исто така, моежемда кажеме, е сок кој доаѓа од коренот како би донел живот на нашата душа на Запад, учејќи нѐ на контемлација, светост – рече папата Фрањо

Проблемот со миграцијата

Светиот Отец потоа се осврна на големиот проблем со кој се соочува Блискиот Исток, а тоа се миграциите и истакна дека Либан, во кој половина од населението се Либанци, а половината бегалци од Сирија, која таа земја ги прими. Така е и во Јордан, во Туција во Европа – напомена Светиот Отец и спомна за неговата посета на Лезбос во Грција. На Блискиот Исток постои голем грев, а поради него страда сиромашниот народ – потенцира Папата и истакна: Тоа е гревот желба за моќ, грев на војната, кој секогаш е сѐ посилен и посилен… и со софистицирано оружје. А поради тоа страда народот, децата.

Страдање на народите

Потоа Папата забележа дека на Блискиот Исток има малку училишта, малку болници, затоа што бомбите уништуваат сѐ. Тоа е големиот грев од војната – рече Светиот Отец и уште еднаш истакна дека гревот на Блискиот Исток е и наш грев. Грев на недоследност помеѓу животот и верата.

Да се негува надежта за Блискиот Исток

Крајот од говорот Папата го посвети на надежта. Господ нема да нѐ остави сами и поради тоа велиме дека Блискиот Исток има надеж; надеж која треба да ја негуваме. Токму така, како што веќе тоа вие го правите – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот