На 21 јануари 2022 година папата Фрањо издаде декрет со кој свети Иринеј Лионски, апостол на келтскиот и германскиот народ, бранител на науката, му се доделува титулата црковен учител, со наслов „Doctor unitatis“.
Нека науката на еден таков голем учител го поттикне патот на сите Господови ученици кон полно заедништво, е надежта што ја изрази папата Фрањо во декретот од 21 јануари за прогласување на свети Иринеј Лионски за црковен учител, со наслов „Doctor unitatis“.
Во декретот Светиот Отец нагласува два аспекта од животот и делото на светецот кој „дошол од Исток“ и „ја извршувал својата епископска служба на Запад“.
Тој бил духовен и теолошки мост помеѓу источните и западните христијани. Неговото име Иринеј го изразува оној мир што доаѓа од Господа и кој помирува, понизно повторно интегрирајќи во единството, пишува Папата.
Потсетуваме дека само еден ден претходно, на 20 јануари, префектот на Конгрегацијата за прогласување на светци, кардиналот Марчело Семераро, во аудиенција кај папата Фрањо го потврди мислењето на генералното собрание на Конгрегацијата по ова прашање.
Ватикан њуз/к.мк