Папата Фрањо на 19 февруари 2018 година го прими во аудиенција врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ, кој во таа прилика го информираше, меѓу другото и за состојбата на Католичката Црква во Босна и Херцеговина. По тој повод кардиналотПуљиќ даде изјава за Радио Ватикан, при што рече:
Најпрво, пријатно ја доживеав средбата со Папата. Папата беше многу расположен да слуша и со голем интерес го следеше моето известување, пренесувајќи му ја состојбата на Католичката црква, ситуацијата низ која поминуваме. И затоа сум му многу благодарен, посебно му ги спомнав нашите потреби, како и нашите очекувања, посебно очекуваме неколку програми: прогласување за блажен на слугата Божји Петар Барбариќ и за свет на блажен Алојзие Степинец.
Мислам дека Светиот Отец со многу убав татоковски слух, внимаваше на сѐ што му зборував, јасно останува на него и на неговите соработници да работат на тоа. А потоа посебно го запознав и со состојбата на Католичката црква во Босна и Херцеговина, се разбира со акцент на Сараево, Врхбосна, надбискупијата која ја водам 27 години. Тој со голем интерес ја следеше проблематиката која му ја објаснував, бидејќи пред војната имаше 528 илјади католици, а сега отприлика таа бројка падна под 200 илјади, при што посебно загрижува и новиот бран заминувања, така всушност, тоа е она што му го прикажав, во што се состои проблематиката на тие заминувања, бидејќи тогаш се поставува и прашањето дали ќе успее Католичката црква да се спротивстави на тие предизивици и да опстане на тие подрачја. Тој посебно ме охрабри мене како пастир и нас бискупите, но и свештениците на тоа подрачје заеднички со надеж и доверба да се носиме со сите предизивици низ кои поминуваме.
РВ/к.мк