Папата Фрањо нема да го предводи чествувањето пред статуата на Безгрешната на Шпанскиот плоштад

Папата Фрањо нема да го предводи чествувањето пред статуата на Безгрешната на Шпанскиот плоштад

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека Светиот Отец нема да учествува на традиционалното почитување пред нејзината статуа покрај римскиот Шпански плоштад на празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија 8 декември.

Наместо чествување пред статуата, Папата празникот ќе го одбележи со „чин на лична побожност, доверувајќи го на Мајка Божја, Рим, неговите жители и многу болни во сите краишта на светот“ – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни.

Тоа ќе биде прв пат од 1953 година папата на празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија да не учествува во таа побожност. Бруни изјави дека папата Фрањо нема да отиде на плоштадот за да се спречи собирање луѓето, со цел да се спречи пренесување на вирусот.

Статуата на Безгрешната е поставена на 40 метарски столб. Благословена е на 8 декември 1857 година, три години откако папата Пио IX ја прогласи догмата за Безгрешното зачнување. Традицијата ја започнува папата Пио XII во 1953 година ходочастејќи повеќе од 3 километри од Ватикан. Сите Папи од тогаш на тоа место за празникот Безгрешно зачнување на Блажена Дева Марија редовно искажуваат почит на Безгрешната. (…)

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот