Папата Фрањо го именува монсињор Иван Штироња за бискуп на Поречко-пулската бискупија

Папата Фрањо го именува монсињор Иван Штироња за бискуп на Поречко-пулската бискупија

Монс. Иван Штироња, поранешниот бискуп на Котор, е новиот бискуп поречко-пулски.

Папата Фрањо го именува монс. Иван Штироња, поранешен бискуп на Котор во Црна Гора, за бискуп на Поречко-пулската бискупија – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Монсињор Иван Штироња е роден на 10 мај 1960 година во Пјешивац, тогашна парохија Прењ, сега Аладиници, Требинско-мрканска бискупија, во семејство од десет деца.

Светиот Отец Фрањо го именува за бискуп на Котор на 22 декември 2020 година. Освен хрватски, се служи со англиски, италијански и африкански свахили јазик.

За бискуп е хиротонисан во Мостар на 7 април 2021 година во Катедралата „Марија Мајка на Црквата“ Главен посветител беше надбискупот Сплитско-макарски и митрополит Марин Баришиќ, а сопосветители беа Барскиот надбискуп и тогашен Апостолски администратор на Которската бискупија Рок Ѓонлешај и бискупот Мостарско-дувањски и апостолскиот администратор Требињско-мркански, Петар Палиќ, заедно со 13 други надбискупи и бискупи.

За Которски бискуп е востоличен на празникот на блажена Озана Которка, 27 април 2021 година, во катедралата Свети Трифун.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот