Цел на 38. Апостолско патување на папата Фрањо е да учествува на 7. Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии и да се сретне со локалната католичка заедница.
Во вторник, 13 септември 2022 година, во 7.36 часот по локално време, авионот на папата Фрањо ја напушти италијанската земја по трет пат оваа година, полета од римскиот меѓународен аеродром Фиумичино. Со тоа започна 38. Апостолско патување во неговиот понтификат, „ходочаасите на дијалогот и мирот“ со цел учество на Конгресот на лидерите на светските и традиционалните религии, кој по седми пат се одржува во Казахстан, по примерот на папата Иван Павле II, кој на почетокот на 2002 година ги покани водачите на религиите и деноминациите во Асизи, на Денот на молитвата за мир во светот.
Покрај раководството на Државниот секретаријат, на ова патување римскиот бискуп го придружуваат и раководителите на Дикастериите за единство на христијаните, за меѓурелигиски дијалог и Источните цркви, како и околу седумдесет новинари. Летот ќе трае приближно шест и пол часа. Пристигнувањето на меѓународниот аеродром Нур-Султан се очекува околу 17.45 часот по локално време, односно 15.30 по средноевропско време.
Ватикан њуз/к.мк