На 10 јануари 2024 година, папата Фрањо во приватна аудиенција ги прими претставниците на проектот Дијалоп, кој долги години го промовира општото добро преку дијалог меѓу социјалистичките марксисти и христијаните.
Денес, во свет поделен со војна и поларизација, ризикуваме да ја изгубиме нашата способност да сонуваме. „Се обраќам до вас со овој апел: не отстапувајте, не се откажувајте, не престанувајте да сонувате за подобар свет“, рече Папата.
„Во овие времиња обележани со конфликти и поделби на различни нивоа, да бидеме внимателни за тоа што можеме да направиме за да ја подобриме ситуацијата… За разлика од ригидните пристапи кои ги делат луѓето, ве повикувам да поттикнете средба, слушање со отворено срце, без никого да исклучуваме, за да биде позитивно примен сечиј придонес во процесите на промени со кои е поврзана нашата иднина“, рече папата Фрањо.
Светиот Отец ги повика претставниците на проектот секогаш да внимаваат на слабите: „Цивилизациски знак е односот кон најранливите: сиромашните, невработените, бездомниците, доселениците, експлоатираните и сите оние кои културата на отпад ги претвора во прогонети“.
„Борете се против корупцијата, злоупотребата на власта и незаконитоста. Само во духот на интегритетот може да се воспостават здрави односи и соработка“, рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк