Светиот Отец, апелирајќи на совеста на политичарите го довери секој напор за мир на застапништвото на Дева Марија.
По молитвата Ангел Господов во 13 февруари 2022 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Фрањо повторно го сврте вниманието на Украина.
„Почитувани браќа и сестри, вестите кои доаѓаат од Украина се многу вознемирувачки. Ги доверувам на застапништвото на Пресвета Богородица и совеста на политичките лидери да ги вложат сите напори за мир. Да се помолиме во тишина“, повика Светиот Отец, по што на плоштадот завладеа молитвен молк.
Ватикан њуз/к.мк