Папата Фрањо во Рио ќе се сретне со младите од Аргентина
Рио де Жанеиро, 24.7.2013 /к.мк/ – Дојде во Бразил, а не во Аргентина. Сепак, посебна средба на папата Фрањо со неговите сонародници во Рио секако дека ќе се одржи. Веста ја потврди градоначалникот на Рио де Жанеиро Едуардо Паес: „Папата побара од Одборот за организација на Светскиот Ден на млади да има и посебна средба со младите Аргентинци. Градот ја стави на располаѓање големата арена за разни настани „Тереирао до Самба“ во близина на Самбодромот. Уште не е утврдено точното време, но се знае дека средбата што не е предвидена во официјалната програма ќе се одржи во четврток 25 јули. Со обзир на останатите термини на Папата, најверојатно време на одржување ќе биде некаде рано попладне, по претпладневната посета на населбата со бараки во населбата Варгиња, а пред првата средба со сите млади на плажата Копакабана.“
Ако биде така, тогаш младите од „неговата“ Аргентина ќе му изразат добредојде на папата Фрањо на Светскиот Ден на младите. Тереирао до Самба, местото каде ќе се одржи средбата, е едно од местата симбол на Карневалот во Рио и може да прими околу 15 илјади луѓе. Но бројот на Аргнтинците што овие денови се очекуваат во Рио е повеќе од 50 илјади и многу од нив изразија желба да се поздрават одблизу со својот поранешен кардинал. Младите од „Вилас мисериас“ од периферијата на Буенос Аирес, каде Бергољо беше како дома, веќе ја најавија, преку аргентинската агенција Аица, својата намера да отидат пред прозорците на неговата резиденција Сумаре, местото каде ќе биде сместен Папата, исто како што му правеа и младите од Полска на Иван Павле II, кога престојуваше во Краков. (В.Н.)