Светиот Отец во четврток 7 октомври 2021 година во Ватикан ја прими германската канцеларка Ангела Меркел. Пандемијата и миграцијата беа во центарот на разговорите.
Папата Фрањо во четврток 7 октомври ја прими канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, која потоа се сретна со кардиналт Пиетро Паролин, државен секретар на Папата и со надбискупот Пол Ричард Галагер, државен секретар за односи со државите.
За време на срдечните разговори, беше изразено задоволство од постојните добри билатерални односи меѓу Светиот Престол и Германија – стои во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Соговорниците се фокусираа на прашања од заеднички интерес на меѓународно и регионално ниво, согласувајќи се за можностите за започнување соработка за решавање на тековните повеќекратни кризи, со посебен осврт на последиците од здравствената криза и миграцијата.
Ватикан њуз/к.мк