Папата Фрањо: Взаемност помеѓу мажот и жената

Црквата треба секогаш да го чува сојузот помеѓу мажот и жената онака како што Бог го замислил и создал за бракот и семејството денес повторно да го пронајде своето достоинство – е желбата вткаена во катехезата на папата Фрањо на Генералната аудиенција на 22 април.

Црквата треба секогаш да го чува сојузот помеѓу мажот и жената онака како што Бог го замислил и создал за бракот и семејството денес повторно да го пронајде своето достоинство – е желбата вткаена во катехезата на папата Фрањо на Генералната аудиенција на 22 април одржана пред повеќе од 40 000 луѓе собрани на плоштадот Свети Петар. Катехезата Светиот Отец повторно ја посвети на взаемноста која ги поврзува мажот и жената.

Сцената во Рајот која ја опишува Библијата детеално го покажува Божјиот план за мажот и жената од самиот почеток на сè: правејќи ги двајцата блиски, оние кои се надополнуваат, соединети со силната врска на заедништвото и во никој случај едниот да не биде над другиот.

Папата Фрањо зборуваше за најважните моменти од Книгата Битие истакнувајќи ја осаменоста која во почетокот човекот ја чувствувал пред сјајот на создавањето. Тука била убавината на природата, животните… Но, нему секогаш нешто му недостасувало, сè додека Бог не му ја претставил жената. Само во тој момент – рече Светиот Отец – се губи чувството на осаменост. Конечно постои одразот на взаемноста.

Кога на пример некоја личност сака да пружи рака на друга личност, пред себе мора да ја има таа друга личност. Ако некој пружи рака, а нема никого пред себе раката останува таму, но и недостасува взаемноста. Така било и со човекот, нешто му недостасувало за полнината, му недостасувала взаемноста – рече папата Фрањо.

Светиот Отец потоа се осврна на општествено-културната поделба која низ историјата мажот и жената често ги ставала на две различни нивоа. Станува збор за спротивност која некои ја сместуваа во самиот моментот на создавањето. Напротив – објасни Папата – всушност во тој момент се забележува дека жената не е копија на мажот, туку доаѓа директно од Божјиот создателски чин.

Приказот за човековото ребро не ја изразува инфериорноста или подреденоста, туку напротив покажува дека мажот и жената се од истите работи и дека се дополнуваат и ја поседуваат таа взаемност. А фактот кој исто така е наведен во параболата дека Бог ја обликува жената додека мажот спие го истакнува – според зборовите на Папата – токму тоа дека таа на никој начин не е човеково создание, туку Божјо.

Тие се различни и се надополнуваат. И се приматели на несебична, директна и потполна доверба. Бог – како што рече папата Фрањо – има доверба во своите созданија кои меѓутоа попуштаат на злото, паѓаат во лудилото на семоќ кое сè расипува и ја уништува хармонијата. Од тој момент – додаде Папата – нивниот однос загрозува илјадници облици на застранувања и потчинувања, лажни заведувања и понижувачка самоволја која доаѓа и до нашите денови.

Да се сетиме на многуте форми на маскилизам кои жената ја сметаат од втор степен – истакна Папата. Да се сетиме на инструментализацијата на женското тело и нејзино сведување на роб во денешната медиумска култура. Но – додаде Светиот Отец – да се сетиме и на неодамнешната епидемија на недоверба, скептицизам, па дури и непријателства кои се шират во нашата култура – посебно почнувајќи разбирливата недоверба на жените – што се однесува на сојузот помеѓу мажот и жената кои истовремено ќе бидат во состојба да ја подобрат блиската врска на заедништво и да го сочуваат достоинството на различноста.

Ако, значи не пронајдеме поттик за симпатијата кон тој сојузот помеѓу мажот и жената кој е способен да ги заштити новите генерации од недоверба и рамнодушност, децата ќе доаѓаат на свет сè повеќе искоренети од него уште од мајчина утроба – предупреди Папата и истакна – Мораме да го вратиме достоинството на бракот и семејството! А Библијата кажува една убава работа: – додаде папата Фрањо – човекот ја пронаоѓа жената, се сретнува и мажот мора нешто да напушти за да ја најде во потполност. Заради тоа ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се припои кон жената (…) Тоа значи да тргне по единствениот пат. Мажот е целиот за жената и жената е цела за мажот – рече Светиот Отец.

Поздравувајќи ги после катехезата меѓу останатите, групите поклоници од португалското говорно подрачје. Папата посебен поздрав упати на сите семејства, а посебно оние кои се во тешкотии. Нека бидат сигурни дека се дар Божји и темеј на општествениот живот – истакна притоа папата Фрањо..

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот