После молитвата Ангел Господов на 4 октомври 2020 година, Папата зборуваше за новата енциклика „Fratelli tutti“ (Сите сме браќа), која ја потпиша на 3 октомври во Асизи.
Папата Фрањо во пладневниот говор после молитвата Ангел Господов ја спомна вчерашната посета во Асизи, каде ја потпиша новата енциклика „Fratelli tutti“ (Сите сме браќа). Ја посветив на Бог на гробот на свети Фрањо, од кого бев вдахновен за неа, како и претходната „Лаудато си“ – рече Папата и додаде: Знаците на времето јасно покажуваат дека човечкото братство и грижа за создаденото е единствениот пат за целосен развој и мир, на што веќе предупредија светите папи Иван XXIII, Павле VI и Иван Павле II.
Новата енциклика во специјално издание на ватиканскиот дневен весник „Л’Осерваторе Романо, е поделена на сите присутни на плоштадот Свети Петар. Со тоа специјално издание повторно започнува со печатење дневното печатење на тој весник. Свети Фрањо нека го следи секој пат на братство во Црквата меѓу верниците на сите религии и меѓу сите народи – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк