Папата Фрањо: Бидете баратели на Христос

Папата Фрањо: Бидете баратели на Христос

Денес во Италија и во многу други земји се слави празникот Вознесение Господово – рече папата Фрањо за време на пладневната молитва на плоштадот Свети Петар.

Тоа славење има два елементи. Од една страна го упатува нашиот поглед кон небото каде седи прославениот Христос од десната на Бог, а од друга страна нѐ потсетува на почетокот на посланието на Црквата. Воскреснатиот Исус се вознесе на небото и ги праќа своите ученици да го проповедаат евангелието на целиот свет. Поради тоа Вознесението нѐ поттикнува да го упатиме погледот и да гледаме кон неботот за веднаш потоа да се упатиме кон земјата и да ја исполниме задачата која ни ја довери Воскреснатиот Господ.

Тоа е она на што нѐ повикува денешното евангелие во кое Вознесението се случува непосредно после посланието кое Исус го доверува на учениците – рече Папата и нагласи: Се работи за безгранично послание, буквално без граници, кое ги надминува човечките сили. Имено Исус вели: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.“ Изгледа дека е премногу храбра задачата која Исус ја доверува на мала група едноставни луѓе и без големи интелектуални способности! Сепак таа занемарлива дружина, неважна пред големите сили на светот, е пратена во секој агол од земјата да ја донесе Исусовата порака за љубов и милосрдие.

Тој Божји проект може да се оствари само со силата која на апостолите им ја дава самиот Бог – рече Светиот Отец и објасни: Во таа амсила, Исус им гарантира дека Светиот Дух ќе го помага нивното послание. Тој вели: Ќе примите сила од Светиот Дух кој ќе слезе над вас и ќе ми бидете сведоци во Ерусалим, по цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата“. Така можело да се оствари тоа послание, а апостолите го започнале тоа дело кое потоа го продолжиле нивните наследници. Посланието кое Исус го доверува на апостолите продолжило со столетија и продолжува и денес; тоа бара соработка од сите нас. Всушност секој од своја страна, по силата на крштението која ја примаме, сме оспособени да го навестуваме евангелието.

Вознесението Господов во небо, воведувајќи нов облик на Исусовата присутност меѓу нас, бара да имаме такви очи и срце за да можеме да го сретнеме, да можеме да му служиме и да го сведочиме кај другите – рече Папата и напомена: Треба да бидеме луѓе на Вознесението, баратели на Исус Христос на патиштата од нашето време, носејќи го Неговото Слово на спасение до крајот на земјата. На тој пат во браќата го сретнуваме самиот Христос, посебно во најсиромашните, во оние кои во своето тело трпат искуство на тешки и понижувачки облик на старото и новото сиромаштво. Како што на почетокот Воскреснатиот Христос ги прати своите апостоли со силата на Светиот Дух, така и денес нѐ праќа нас со истата сила како би поставиле конкретни и видливи знаци на надеж. За да ни даде надеж, Исус отиде на небото и ја отвори вратата на небото, како и ние би можеле да појдеме таму.

Девица Марија, Мајка на распнатиот и воскреснати Господ, која ја поттикнувала верата на првата заедница ученици, нека и на нас ни помогне да ги воздигнуваме своите срца, како што нѐ поттикнува Литургијата – рече Папата и заврши: Истовремено нека ни помогне да имаме „нозе на земјата“ и храбро да го сееме евангелието во конкретни ситуации во животот и историјата.

 РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот