Светиот Отец во недела 8 ноември 2020 година се придружи на италијанските бискупи на нивниот повик за заштита на водата како општо добро и за чесна распределба. Имено на предлог на Бискупската конференција на Италија секоја година на овој датум се одбележува ден посветен на некоја тема, оваа година бискупите одлучија да биде: Водата, благослов за земјата.
Пред сѐ водата е дар – истакнуваат италијанските бискупи. Исто така ја искажуваат блискоста со сите луѓе на земјата, знаејќи дека благосостојбата на целокупното население зависи од грижливата работа на мажите и жените и покрај пандемијата КОВИД – 19 која влијае многу на целиот работен свет.
Папата Фрањо за време на неделната молитва Ангел Господов, меѓу другото рече дека „водата е од витално значење за земјоделството, но е и од витална важност за животот“. Тој искажа близина најпрво со малите земјоделци, истакнувајќи дека нивната работа е многу важна во ова кризно време.
Ватикан њуз/к.мк