Папата Фрањо апелира до Бан Ки – Мун за запирање на прогонствто во Ирак

Насилствата во северен Ирак „не можат да не ја разбудат свеста на сите мажи и жени со добра волја, со цел преземање на конкретни активности на солидарност, за заштита на жртвите“. Тоа може да се прочита во пораката испратена од папата Фрањо до Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, со што апелира Обединетите нации да ги вложат сите напори за обезбедување мир и човекови права.

Откако го испрати кардиналот Фернандо Филони за свој претставник во Ирак, како сведоштво на духовната близина на Светиот Отец со оние што „сакаат само да живеат во мир, хармонија и слобода во земјата на своите предци“, во писмото до Бан Ки Мун, pапата Фрањо го обновува својот апел, упатен заедно со „источните патријарси“ и „другите верски водачи“ до меѓународната заедница за „ставање крај на сегашната човечка трагедија“. Поконкретно Обединетите нации да ги гарантираат „безбедноста, мирот, хуманитарното право и помошта за бегалците“, во согласност со „преамбулата и соодветните членови на Повелбата на ООН“.

Како што покажува „трагичното искуство од минатиот век“, тврди во пораката Папата, потребно е „најобично разбирање на човечкото достоинство“ и тоа „ја принудува меѓународната заедница, особено преку нормите и механизмите на меѓународното право, да стори сé за запирање и спречување на понатамошните системски насилства против етничките и религиозните малцинства“.

РВ/В.Н.

2072

Категорија: Ватикан

За авторот