Папата упати телеграма со сочувство до виенскиот надбискуп, кардинал Шонборн

Папата упати телеграма со сочувство до виенскиот надбискуп, кардинал Шонборн

Светиот Отец упати телеграма со сочувство до виенскиот кардинал Кристоф Шонборн, која ја потпиша државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин – соопшти во вторник 3 ноември Канцеларијата за печат при Светиот Престол. Исто така Папата на својот Твитер профил повика за прекин на насилства.

Во телеграмата се истакнува дека папата Фрањо е длабоко погоден од „насилството во Виена кое на невини луѓе им донесе смрт и тага“. Тој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и целиот австриски народ. Исто така ја искажа својата близина и молитва за ранетите и нивно брзо оздравување.

Папата ги довери жртвите на Божјото милосрдие и го моли Господ за прекин на насилството и омразата и свртување кон другиот и промовирање на мирен соживот во општеството.

На крајот од телеграмата ги благослови сите кои се погодени од трагедијата.

На својот Твитер профил Папата напиша: !Ја искажувам својата тага и згрозеност од терористичкиот напад во Виена и се молам за жртвите и нивните семејства. Доста е насилство! Заедно да го зајакнеме мирот и братството. Само љубовта може да ја смири омразата.“

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот