Присуството на голем број браќа и сестри кои се соочуваат со трагедијата на миграција е можност за човечки раст, за средба и дијалог меѓу културите – истакна Папата во пораката до новиот портал Infomigrants.net, кој го отвори италијанската новинска агенција АНСА.
Присуството на голем број браќа и сестри кои се соочуваат со трагедијата на миграција е можност за човечки раст, за средба и дијалог меѓу културите, така и делот на промовирање на мирот и братството меѓу народите – истакна Папата во пораката испратени минатите денови до новиот портал Infomigrants.net, кој италијанската новинска агенција АНСА го реализираше заедно со европските партнери Франција Монд Медиуми и Дојче Веле. Папата Фрањо ја изразува својата близина, и ги охрабрува сите институции, здруженија и поединци кои – како што пишува – мудро се отвораат за таа слоевита миграциска појава.
Човечките и христијанските вредности во темелот на европската цивилизација
Папата потоа истакна дека секоја поддршка на тоа подрачје ги сведочи човечките и христијанските вредности кои се во темелот на европската цивилизација. Освен тоа, со воодушевување изрази задоволство за таа важна иницијатива за отворање на портал, и изрази надеж дека тоа ќе ја поддржи интеграцијата, со сета почит од страна на мигрантите, законите на земјите кои ги примаат, и ќе поттикне во општеството ново ангажирање за вистинската култура на прифаќање и солидарност.
Тероризам, беда, угнетувачки режими
На крајот Светиот Отец ја загарантира својата молитва, молејќи од Бог, татко на сите да биде сопатник на оние кои се приморани да ја напуштат сопствената земја заради вооружените конфликти, терористичките напади, бедата, или угнетувачките режими. Тие мигранти под секое небо да сретнат браќа и сестри, да го поделат со нив лебот и надежта за заедничко одење – посаката папата Фрањо на крајот од пораката.
РВ/к.мк