Папата Фрањо испрати видео порака на шпански јазик по повод Светскиот ден на волонтерството, во која зборува за великодушноста на сите оние кои со својата доброволна работа ја поддржуваат работата на Црквата. Волонтирањето – објаснува Папата – е милост Божја
„Волонтирањето е „разорна сила“ која ви овозможува да излезете надвор од рамката за да постигнете нешто“.
Папата Фрањо им се обрати на волонтерите на Светскиот ден на младите 2023 година, кој ќе се одржи од 1 до 6 август во Лисабон, Португалија. Во видео пораката на шпански јазик по повод Светскиот ден на волонтерството, Светиот Отец им се заблагодари за „нивната великодушност“, за „великодшноста на секој волонтер“ и посочи дека тие се силата на Црквата, израз на црковното послание, бидејќи волонтерите се тие кои ги одржуваат активностите на Црквата преку доброволна работа.
Волонтерот опстојува и спроведува проекти
Една од работите што најмногу ме восхитува кога посетувам некои Цркви – вели Папата на почетокот на видео пораката – е силата на волонтерството. Да, има епископ, свештеник, монаси и монахињи, верници и сите други, но волонтерството создава единство. Волонтерството има многу квалитети, наведува Светиот Отец, бидејќи реализираат проекти само оние кои се упорни. Папата дава конкретни примери, како што е волонтерството со болните, кога мажи и жени доброволно цел ден своето време го посветуваат во служба на болните. Волонтерството е Божја милост. Ве молиме прифатете го, истакнува Папата во пораката.
Ватикан њуз/к.мк