Папата упати писмо до епископите

 Папата упати писмо до епископите

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 2 јануари 2017 година го објави писмото на папата Фрањо кое на празникот Невини деца, 28 декември минатата година го упати до епископите.

Осврнувајќи се на колежот на невините деца кој го опишува Евангелието Папата зборува за „болката на мајките кои пред тиранијата и ненаситната жед на Ирод за власт ја оплакуваат смртта на своите деца. И денес можеме да го слушаме плачот кој ни ја paспорувa душата, а кој не можеме, не сакаме да го занемариме, ниту да го замолчиме. Денес меѓу нашиот народ за жал сѐ уште се слуша воздишката и плачот на многу мајки, многу семејства заради смртта на нивните деца, нивните невини деца. Ова пак го пишувам со длабока болка – стои во писмото на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот