Папата упати апел за мир во светот и заштита на создаденото

Папата упати апел за мир во светот и заштита на создаденото

Папата Фрањо пред крајот на Генералната аудиенција во среда 11 октомври упати апел за заштита на создаденото. По повод Меѓународниот ден за борба против природните катастрофи кој се одбележува во петок, на 13 октомври 2017 година, Папата ги повика луѓето да дадат поголема важност на заштитата на животната средина и грижата за природата. Затоа ги поттикнувам институциите како и оние кои имаат јавна и општествена одговорност сѐ повеќе да ја промовираат културата чија цел е луѓето да се заштитат од ризиците и природните катастрофи – рече Светиот Отец и продолжи: Нека конкретните дела кои се насочени на проучување и заштитата на нашиот заеднички дом, сѐ повеќе ги намалуваат опасностите за најранливите народи.

Следниот петок исто така ќе се одбележи стогодишнината од последната објава на Марија во Фатима. Упатувајќи го погледот кон Мајката Господова и Царицата на мисиите – рече Папата – ги повикувам сите на посебен начин во месец октомври да се моли Брројаница за мир во светот. Нека молитвата ги придвижи и најнепокорните души за да станат луѓе кои го напуштиле насилството од сопственото срце, од своите зборови и дела, и кои градат ненасилни заедници кои се грижат за нашиот заеднички дом. Ништо не е невозможно ако се обратиме на Бог во молитвата. Сите можеме да бидеме миротворци – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот