Папата: Треба да се градат мостови наместо ѕидови

Папата: Треба да се градат мостови наместо ѕидови

Потребно ни е братство, градење на мостови во светот каде заради стравот од другите се подигаат ѕидови – рече Папата на членовите на Католичката делегација за соработка, тело кое пред педесет години е основано во Франција.

Потребно ни е братство, градење на мостови во светот каде заради стравот од другите се подигаат ѕидови – рече Папата на членовите на Католичката делегација за соработка, тело кое пред педесет години го основа блажениот папа Павле VI во Франција, по објавувањето на енцикликата „Напредокот на народите,“, а кои ги прими во аудиенција на 25 февруари 2017 година. Папата ја истакна потребата од еколошко преобраќање заради промовирање на општото добро.

Зборувајќи на Католичката делегација за соработка, Папата истакна дека треба да се промовира културата на милосрдието, заснована на повторното откривање на средбата со другите, при тоа ја истакна итноста на културата во која никој нема рамнодушно да гледа на другиот. Не плашете се да одите по патиштата на братството и да градите мостови помеѓу луѓето и народите, во светот каде заради стравот од другите се подигаат ѕидови. Преку своите потфати, и своите проекти и делувањето, вие ја правите видлива сиромашната Црква со и за сиромашните, Црква во излегување која е блиска на луѓето кои страдаат, сиромашните, маргинализираните и исклучените – рече папата Фрањо.

Промовирање на интегрален развој на секој човек

Папата ја истакна актуелноста на енцикликата „Напредокот на народите,“ на блажениот папа Павле VI, педесет години по нејзината објава. Блажениот папа Павле VI во енцикликата „Напредокот на народите“ пишува дека развојот не се сведува на едноставен економски раст. Вистинскиот развој треба да биде целосен, а тоа значи дека мора да го промовира секој и целиот човек. Светската солидарност, која е сѐ поефикасна, треба на сите народи да им овозможи сами да бидат творци на своите судбини – рече Папата додавајќи:

Потребно е еколошко преобраќање заради промовирање на општото добро

Солидарноста како збор малку е истрошен, а понекогаш и лошо толкуван, таа многу повеќе значи од некоја случајна великодушност – рече Папата истакнувајќи ја потребата од итно „создавање на нов менталитет во чиј центар ќе биде заедницата и животот на секој човек, а не само богатењето само на неколкумина.

Католичката делегација за соработка во таа динамика го вклучи сопственото делување, осврнувајќи се на вистинската соработка со Црквата и локалните фактори на другите земји, каде волонтерите се испратени, работејќи одговорно со локалните власти и со сите луѓе со добра волја. Католичката делгација за соработка придонесува за вистинско еколошко преобраќање кое го признава возвишеното достоинство на секој човек, неговата вредност, креативноста и способноста да бара и да го промовира општото добро – рече Папата.

Завршувајќи го говорот, Папата ја поттикна Делегацијата да „биде во служба на Црквата која на секој му овозможува да ја препознае изненадувачката Божја близина, заземајќи се за доброто на сите и за сочувување на нашиот заеднички дом.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот