На 11 април 2019 година, папата Фрањо ги прими во аудиенција учесниците на Меѓународната конференција за трговија со луѓе која ја организира Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој.
И покрај вложениот напор сè уште има многу што да се направи – рече Папата, тoа е словита појава која ја навредува слободата и достоинството на жртвата и го дехуманизара оној кој се занимава со неа.
Многу се има направено во врска со трговијата со луѓе и многу се прави, но сè уште има многу што би требало да се направи затоа што ова е длабока рана на човештвото – рече папата Фрањо за време на аудиенција на учесниците на Меѓународната конференција за трговија со луѓе која на поттик на Одделот за мигранти и бегалци при Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој од понеделникот 8 април се одржува во Сакрофано на периферијата на Рим. Во фокусот на расправата на која учествуваа повеќе од 200 делегати е примената на Пасторалните насоки на таа тема, која спомнатото тело ги објави во јануари оваа година, а кои Папата ги одобри.
Имено трговијата со луѓе ја осквернува човечноста на жртвата, нарушувајќи ја нејзината слобода и достоинство – рече Папата и додаде: Но истовремено го дехуманизира оној кој ја извршува, негирајќи му го пристапот до „живот во изобилство“. Трговијата со луѓе на крајот значително му штети на човечкиот род во целина, мачејќи го човечкото семејство, но и Христовото Тело.
Трговијата со луѓе е сведување на другиот на ропство – рече Папата, која во жртвите на неоправдан начин ги кршат составните димензии на човечкото битие кои Бог ги сакал и создал, а тие се слободата и достоинството. Заради тоа треба да се смета за злосторство против човештвото – истакна Папата, и тоа без двоумење. Истата тежина треба да се даде на сите повреди на слободата и достоинството на секое човечко битие, без разлика дали ни е сонародник или странец.
Заблагодарувајќи му се на отец Мајкал Черни потсекретар на спомнатиот оддел при Дикастерија за промовирање на интегрален човеков развој за воведните зборови со кои го загарантира ангажирањето за Пасторалните насоки да се претворат во конкретни иницијативи, Папата потсети на Исусовото послание: Да им се понуди на сите мажи и жени на секоја возраст живот во полнота, според планот на Отецот. Синот Божји стана човек за да им го покаже патот на сите луѓе за остварувањето на нивната човечност во согласност со единственоста и неповторливоста на секој поединец – рече Светиот Отец.
За жал денешниот свет е обележан со ситуации кои пречат на остварувањето на тоа послание – рече папата Фрањо спомнувајќи ги Пасторалните насоки за трговијата со луѓе кои истакнуваат сѐ поголем индивидуализам и егоцентризам; однесување кое се стреми кон тоа други да се земаат во предвид единствено во утилитаристичка перспектива, да им придаваат вредност според мерилата за исплатливост и лична корист. Кој се валка со тоа злосторство, кое Папата веќе го нарече рана на телото на современото човештво, нанесува штета на другите, но и на себе.
Секој од нас е создаден за да сака и да води грижа за другиот, а тоа го има својот врв во дарувањето: Поголема љубов никој нема од ова: својот живот да го положи за своите пријатели – рече Светиот Отец цитирајќи зборови од Евангелието според Иван. Во односот кој го воспоставуваме со другите во игра е нашето човештво, приближувајќи се или одалечувајќи се од образецот за човечко битие кое Бог Отец го сака и кое е објавено во овоплотениот Син. Заради тоа секоја одлука спротивна на остварувањето на Божјиот план за нас ја предава нашата човечност и се откажува од „живот во изобилство“ кое го нуди Исус Христос. Тоа значи да се слегува по скалите надолу, значи да се станува животни – рече Папата.
Токму делувањето со цел обнова и промовирање на нашата човечност и човечноста на другите во согласност со посланието на Црквата како продолжување на спасителното послание на Исус Христос – рече Папата и додаде: Таа мисионерска важност очигледна во борбата против сите облици на трговија со луѓе, како и во ангажирањето со цел рехабилитација на преживеаните; тоа е борба и ангажирање кои имаат благотворно влијание и на нашата човечност отворајќи ни го патот кон полнотата на животот, крајната цел на нашето постоење.
Папата Фрањо потоа го истакна ангажирањето на голем број Цркви кои несебично го примениле тоа на пасторално подрачје, со голем број иницијативи со кои во прва линија во спречувањето на трговијата им е заштитата на преживеаните и прогонувањето на виновниците и посебно им се заблагоари на голем број монашки заедници кои делуваат како „предводници“ на мисионерското делување на Црквата во борбата против секој облик на трговија со луѓе.
Света Џузепина Бакхита
Повикувајќи го застапништвото на заштитничката на жртвите на трговијата со луѓе света Џузепина Бакхита која како што објасни Папата – како девојка била сведена на робинка, продадена и купена, а потоа ослободена и процветала во полнота како Божјо дете, Светиот Отец повторно ги спомна невините жртви, сведувањето на човечките личности на ниво на роба, напоменувајќи дека тој опис треба да се истакнува без срам затоа што – како што рече, тоа е вистина. На крајот го повика Госпоф да ги благослови сите жртви и да биде близу до оние кои страдаат заради омаловажување.
Ватикан њуз/к.мк