Папата: Средбата во Краков ќе биде Јубилеј на младите

Светскиот ден на младите (СДМ), во Краков од 26 до 31 јули, ќе биде Јубилеј на младите, во контекст на Универзалната црква и на Светата година на милосрдието. Ова го истакна папата Фрањо пред Ангеловиот Поздрав, по литургијата на празникот Цветници.

„Денес се одбележува 31. Светски Ден на младите (на епархско ниво), чија кулминација ќе биде на крајот на јули на најголемата светска средба на млади во Краков“, потсети Папата. „Темата е „Блажени се милосрдните, бидејќи тие ќе бидат помилувани“(Матеј 5,7). „Упатувам посебен поздрав до присутните млади и на сите млади од целиот свет – рече папата Фрањо. Се надевам дека ќе бидете бројни во Краков, татковината на свети Иван Павле II. На неговото небесно застапништво ги доверуваме преостанатите подготвителни месеци за тоа поклонение што во контекст на Светата Година на милосрдието ќе биде Јубилеј на младите во Универзалната црква“.

Светските средби на млади се одржуваат секоја година на епархиско ниво на Цветници, и на секои три години на светско  ниво со учество на Папата. Во јули 2013 папата Фрањо учествуваше на СДМ во Рио де Жанеиро, кој беше свикан од папата Бенедикт XVI. Краков ќе биде првиот СДМ свикан од латиноамерикански Папа.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот