Вие сте симбол на спорт кој ги отвора очите и срцето за вредностите и достоинството на поединците и луѓето кои инаку би биле предмет на предрасуди и исклучување – истакна папата Фрањо за време на средбата си учесниците на фудбалскиот турнир во организација на Special Olympics.
Турнирот започнува на 13 октомври, а ќе трае до недела, 15 октомври, и во него ќе учествуваат спортисти со и без интелектуални потешкотии, пружејќи им се така прилика за унапредување на своите вештини, додека склопуваат пријателства кои ќе ги срушат пречките и ќе им дадат место на инклузивноста и еднаквите можности.
Овие денови ќе имате прилика – продолжи Светиот Отец – одново да ја потврдите важноста на „обединетиот“ спорт, благодарение на кој спортистите со и без интелектуални пречки играат заедно. Таа е убава реалност која уверено и посветено ја носите напред, ја негувате надежта со позитивна и плодоносна иднина на споротот, бидејќи дава вистинска можност за вклучување и учество.
Не се изморувајте да му ја покажувате на светот на спортот вашата заедничка обврска за градење на братски општества во кои луѓето ќе можат да растат, да се развиваат и да го остварат својот целосен потенцијал – истакна Папата. Во таа смисла, спортот е еден од општите јазици кои ги надминуваат културолошките, општествените, верските и физичките разлики, и успева да ги зближи луѓето, правејќи ги учесници во истите игри и заеднички протагонисти на победата и поразот.
Папата Фрањо рече дека Црквата продолжува да ги поддржува и поттикнува оние спортски иницијативи чија цел е промовирање доброто на луѓето и заедницата. Всушност, спортот изобилува со големи приказни за луѓе кои благодарение на него ја надминале маргинализираноста, сиромаштвото, повредите и несреќите. Тие приказни ни покажуваат дека одлучноста и карактерот на поедини луѓе може да биде вдахновение и поттик за голем број луѓе – рече Светиот Отец, повикувајќи на крајот Божји благослов за учесниците на фудбалскиот турнир.
РВ/к.мк