Сочувајте ги спомените и негувајте ја надежта – се две иницијативи кои папата Фрањо ги упати до заедницата на Папскиот романски колегиум во Рим, кои на 5 мај 2017 година ги прими во аудиенција. По тој повод Светиот Отец срдечно ги поздрави источните христијани.
Тоа беше радосна средба по повод прославата на 80 годишнината од основањето на седиштето на тој папски колегиум, повикан да ги едуцира идните свештеници на Источно-католичката црква во Романија. Но, кај Папата присуствуваа и копти од Египет, сирокатолици и халдејци од Ирак и Сирија, и мелките и маронити од Либанон и Палестина, кои студираат во Рим, благодарение на поддршката од Светиот Престол. Некои од нив се студенти на Папскиот институт свети Ефрем во Рим сместени во таа заедница која е домаќин на свештениците студентите со арапски јазик кои доаѓаат од Источни католички Цркви.
Среќавајќи се со вас мислам на околностите во кои се наоѓаат многу верници во вашите земји, голем број семејства кои се принудени да го напуштат сопствениот дом заради брановите на насилство и страдање. На посебен начин сакам да ги прегрнам тие наши браќа и сестри, заедно со нивните патријарси и епископи – рече Папата и посака две работи, а пред сè зачувување на сеќавањето. Вашиот институт е основан во времето на развојот на источните католички заедници – потсети Светиот Отец – потоа ги доживува драматичните случувања на атеистичкиот прогон; а после тоа доживува убаво повторно раѓање, и последните години отворање за новите предизвици. Таа историја, кои ја ја прваат големите сведоци на верата и моментите на искушенија, острите зими и расцветаната пролет ви припаѓа.
Добро е да се сочува таа историја – истакна – и тоа за да не бидеме вкотвени во минатото, туку случувањата во секој период да се живеат со поддршка на живото евангелско сеќавање кое опфаќа историја поголема од нас и која секогаш останува отворена за делувањето на Духот. Светиот Отец потоа поттикна сите да го надминат опасното искушение за препуштање на просечноста, задоволување со нормален живот во кој сè оди напред без полет и воодушевување и во кој порано или подоцна се станува љубоморни чувари на сопственото време, сопствената сигурност и благосостојба. Затоа е потребно да се вдахнуваме од примерот на големите сведоци на верата во оваа Црква. Ако не се сочува сеќавањето ќе завршиме во просечноста на клерикализмот – предупреди Папата.
Друго што Светиот Отец им посака на присутните е негувањето на надежта. Многу е потребно да се негува христијанската надеж – рече Папата – надежта која дава нов поглед, способен да го открие и да го види доброто и тогаш кога тоа е потемнето од злото. Ако надежта ги оживее нашите очи, ќе го видиме она што е сокриено – рече Папата наведувајќи ги зборовите на свети Ефрем, и на крајот ги поттикна сите да бараат и да го промовираат, и тоа со чисти срца, патот на слогата и единството помеѓу сите христијани.
РВ/к.мк