Папата: Соблазната го ранува срцето и ја уништува надежта

Папата: Соблазната го ранува срцето и ја уништува надежта

Соблазните рануваат и ја убиваат надежта и соништата – за тоа зборуваше папата Фрањо за време на светата Литургија во домот Света Марта, на 13 ноември 2017 година.

Не е можно да не дојдат соблазните – ги повтори Светиот Отец Исусовите зборови од денешното Евангелие – но тешко на оној преку кој доаѓаат (Лк 17, 1-6) Заради тоа Господ ги предупредува своите ученици: „Внимавајте еден на друг!“

Чувајте се да не соблазнувате. Соблазната е лоша затоа што нанесува болка, го ранува Божјиот народ и слабост на Божјиот народ, и многу често тие рани се носат цел живот. И не само што боли, туку соблазната може и да убие: да ја убие надежта, соништата, семејствата, многу срца – истакна папата Фрањо.

„Внимавајте еден на друг“ е предупредувањето упатено до сите – продолжи Светиот Отец – а посебно важи за оние кои се нарекуваат христијани, но во реалноста живеат како пагани. Во тоа се состои соблазната на Божјиот народ. Колку само христијани со својот пример ги одалечуваат луѓето со својата недоследност. Недоследноста на христијаните е едно од најдобрите оружја кои ѓаволот ги користи за да го ослаби Божјиот народ и да го оддалечи од Господ. Да се зборува едно, а да се прави друго – рече Папата.

Таа „недоследност“ која претставува соблазна, од нас бара денес да се запрашаме: каква е мојата доследност на животот, доследност во согласност со Евангелието, со Господ? – ги поттикна Светиот Отец присутните и потоа понуди два примери: еден претприемач христијанин кој го избегнувал данокот и ги искористувал своите вработени за да се збогати, а вториот пак е оној за црковните пастири кои не се грижат за довереното им стадо.

Исус ни зборува дека не можеме да им служиме на двајца господари, на Бог и на парите – истакна папата Фрањо – а кога пастирот е наврзан на парите, тогаш соблазнува. Луѓето се соблазнуваат, бидејќи пастирот им е наврзан на парите. Секој пастир би требало да се преиспита: каков е мојот однос кон парите? Или пак пастир кој бара како да напредува, суетата го наведува да се воздигнува, наместо да биде благ и понизен, бидејќи Божјиот народ дава предност на благоста и понизноста. Или пастир кој се чувствува господар и заповедува на сите, горделив, наместо да биде слуга Божји.

Денес е добар денот – заврши Светиот Отец – да направиме испит на совеста прашувајќи се: соблазнувам или не? А ако да, на кој начин? И така можеме да одговориме на Господ и да му се приближиме малку повеќе.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот