Папата со својата посета ги изненади бездомниците додека ја разгледувале Сикстинската капела

 На 26 март при организираната посета на бездомниците во Ватиканските музеи, папата Фрањо ненајавено ги посети споделувајќи со нив убави и радосни мигови, заблагодарувајќи им за нивното сведоштво и трпение.

Папата Фрањо со ненајавена посета изненади група од 150 бездомници додека (на 26 март) беа во посета на Ватиканските музеи, која за нив посебно ја организирл Апостолската служба за милостиња. Додека ја разгледувале Сикстинската капела, влегол Светиот Отец. „Ова е дом за сите – ова е вашиот дом. Вратите секогаш се отворени за сите“ – им рекол Папата.

Папата не сакаше да се сликаат официјални фотографии, бидејќи се работеше – како што рече – за семејна средба. „Ви благодарам на вашето сведоштво и трпение“ – им рече Папата и му се заблагодари и на монс. Конрад Крајевски, Папски делител на милостиња, кој – како што им рече Папата на посетителите – „многу ве сака“.

„Потребна ми е молитва од луѓе како што сте вие“ – рече Папата, благословувајќи ги бездомниците: „Господ нека ве чува, нека ви помогне на вашиот животен пат и нека ви дозволи да ја осетите неговата нежна, татковска љубов“.

Карла, една од посетителите, рече дека пред три години целото нејзино семејство загинало во експлозија од плин. Откако завршила на улица, таа нашла прибежиште во еден фрањевски манастир надвор од Рим и со нивната помош успеала да надмине голем дел од болките и страдањата.

„Беше навистина убаво да се види насмевката и љубовта која произлегувала од нив и кои ја примиле пред сѐ за време на средбата со Папата. Навистина излегоа со срце полно со радост“ – рече генералниот директор на Апостолската служба за милостиња, монс. Диего Равели. После ова на посетителите им беше понудено вечера во кафетеријата на Ватиканските музеи.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во пеќатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот