Папата: Слушнете ги страдањата на многуте жени во светот кои трпат неправда и напуштеност
Папата Фрањо се сретна со членките на Светската унија на католички женски организации и ги поттикна жените да им помогнат на другите да го пронајдат мирот преку нивната способност за градење на односи.
Денес, антрополошкиот идентитет на жената е во опасност, се искористува од политички или идеолошки причини кои ја занемаруваат убавината со која е создадена. Папата Фрањо ги прими во аудиенција во сабота, 13 мај 2023 godina, жените членки на Светската унија на католички женски организации (WUCWO) во Ватикан, кои се подготвуваат да го одржат своето Генерално собрание во Асизи, Италија од 14 до 20 мај.
Папата Фрањо поттикна околу 1.500 собрани жени да најдат вдахновение за својата мисија во примерот на Пресвета Богородица.
Во своето обраќање Светиот Отец изрази надеж дека жените ќе можат да го оживеат Духот, имајќи ги на ум основните начела на Светската унија на католички женски организации.
Тој ги повика да гледаат во иднината со очи и срца отворени кон светот, да ги слушаат страдањата на многу жени во светот кои трпат неправда, напуштање, дискриминација и сиромаштија или нехуман третман уште од детството во некои постапки.
Мирот започнува во срцето
Римскиот бискуп истакна дека на светот во кој живееме премногу му е потребен мир, за кој рече дека мора да започне во нашите срца, кои во моментов се растргнати од поделбите на омразата и незадоволството.
Тој, исто така, изрази жалење за заканата со која се соочуваат жените во различни делови на светот каде што ризикуваат да станат оружје среде политички спорови и културни идеологии.
Неопходно е да и се даде поголема вредност на нејзината способност за поврзување и давање, за мажите подобро да го разберат богатството на взаемноста што го добиваат од жените, за да се обноват оние антрополошки елементи кои го карактеризираат човечкиот идентитет, а со тоа и идентитетот на жената и нејзината улога во семејството и општеството, каде не престануваат да бидат срце што чука.
Ако сакаме да знаеме што е човештвото без жени, продолжи папата Фрањо, и што е маж без жена, тоа го имаме на првата страница од Библијата: осаменост. Маж без жена е сам. Човештвото без жена е само. Културата без жени е сама. Таму каде што нема жена, таму е самотија, сува осаменост која создава тага и разни штети на човештвото, истакна Светиот Отец.
Создавање живот и грижа за другите
Бидејќи Католичката црква го слави празникот Пресвета Богородица од Фатима во сабота на 13 мај, папата Фрањо ги покани присутните жени да гледаат на Дева Марија како модел на живот.
Тој рече дека таа во полнина ја живеела својата мисија, давајќи му го светот својот дар за мајчинство и верно исполнувајќи ја својата задача да се грижи за своите деца во Црквата.
Марија, рече Светиот Отец, ве учи да создавтеш живот и секогаш да го чувате, однесувајќи се со другите почнувајќи од нежност и сочувство, комбинирајќи три јазици: јазикот на умот, јазикот на срцето и јазикот на рацете, кои мора бидат усогласени.
Верувам дека жените имаат способност да размислуваат што чувствуваат, да го чувствуваат она што го мислат и работат и да го прават она што го чувствуваат и мислат, рече римскиот бискуп. Ве охрабрувам да продолжите да ја нудите таа чувствителност во служба на другите.
Полнотата на животот во единството со Христа
Папата продолжи да размислува за силата што ѝ дала сила и веродостојност на Пресвета Дева Марија појавувајќи им се на децата пастири во Фатима.
Тајната на учеништвото, им рече Папата на присутните жени, лежи во негувањето на внатрешното единство со Бога и да се биде обединети со Него, така што, како Марија, можете да ја живеете полнотата на жената со свесност дека се чувствувате себеси како избрани протагонисти за извршувањето на Божјото дело за спасение.
Но, само тоа не е доволно, продолжи папата Фрањо. Тоа внатрешно единство со Исус мора да се манифестира надворешно, мора да се манифестирате со тоа што ќе останете во заедништво со Црквата, со вашите семејства или со вашата организација, кои ви помагаат да созреете во верата.
Во својата работа мора да се молите и да го ставите на дело она што сте го доживеале во молитвата, за да се усогласите со мисијата на Црквата, рече Папата.
На крајот, папата Фрањо ги охрабри жените да продолжат со ентузијазам во своите проекти и активности во корист на евангелизацијата, следејќи го внатрешниот глас на Духот, послушни на неговите внатрешни допири.
Нека ве благослови Исус и Богородица од Фатима да ве заштити вас и вашето семејство. Ги барам плодовите од вашето Генерално собрание, зборувајте јасно и разговарајте бидејќи тоа е добро за вас, тоа ве држи, рече Светиот Отец, барајќи да се молат и за него.
Ватикан њуз/к.мк