Папата служеше Вечерна богослужба во базиликата Свети Петар
На 31 декември со почеток во 17.00 часот Светиот Отец во базиликата Свети Петар ја предводеше Вечерната богослужба по повод празникот на Пресвета Девица Богородица, а потоа свечено се пееше благодарниот фалоспев„Тебе Боже те фалиме“. После благодарната химна Папата ја посети Витлеемската пештера на плоштадот Свети Петар.
Светиот Отец, на 1 јануари, на 48 Светски ден на мирот во базиликата Свети Петар со почеток во 10.00 часот ќе служи света Миса, а во 12.00 часот од прозорецот на Апостолската палата ќе ја предводи првата молитва Ангел Господов во 2015 година.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан