Папата: Сеќавањето на Аушвиц ја повикува иднината на почит, мир и средби меѓу народите
Аушвиц потсетува на болен восклик од страшното страдање и ја повикува иднината на почит, мир и средби меѓу народите – стои на твитер профилот @Pontifex, каде Папата се осврнува на Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.
Сеќавањето се одржува на 27 јануари, кој од 2005 година е установен од Обединетите нации, а оваа година се совпаѓа со 70 годишнината од ослободувањето на Аушвиц и рушењето на железните логорски врати.
По тој повод во целиот свет се организраа бројни настани. Главниот секретар на ООН, Бан Ки Мун во својата порака пак предупреди на новите облици на антисемитизам и нетрепливост и побара да се зајакнат мерките против овие закана.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан