Папата сес сретна со верници од Сиро-малабарскиот обред од Индија
Папата Фрањо на 24 ноември 2014 година, се сретна со група верници на сиро-малабарскиот обред од Индија, кои беа на поклоничко патување во Рим по повод вчерашната канонизација на шестте нови светци, меѓу кои двајца се од Индија: отец Куријакос Елијас Хавара и сестра Еуфразија Елуватингал. Светиот Отец им се заблагодари на поклониците, истакнувајќи дека нивната локална црква е плодна со духовни повици. Осврнувајќи се на животот на двајцата новопрогласени светци, Папата рече:
„Отец Куријакос Елијас Хавара и сестра Еуфразија Елуватингал, која припаѓала на монашката заедница која тој ја основал, нѐ потсетуваат дека Божјата љубов е извор, поддршка и цел на секоја светост, додека љубовта кон ближниот е најјасната манифестација на љубовта кон Бога. Отец Елијас бил монах; активен и контемплативен, кој несебично го даде својот живот за сиро-малабарската Црква, практикувајќи ја на дело изреката: ‘Посвети се себе си за да би ги спасил другите’. Сестра Еуфразија живеела во толку големо заедништво со Бога, така што нејзиниот живот на светост станал пример и охрабрување за народот, која ја нарекол: ‘Мајка која моли’“.
На крајот Папата ги поттикна поклониците да го следат нивниот пат, особено да ја следат љубовта кон Исуса во Евхаристијата и љубовта за Црквата, поделувајќи им потоа апостолски благослов.
РВ/З.А.