Нека спортските „ѕвезди“ бидат пример за посветеност, простување, хармонија и човечност, посебно младите – истакна Светиот Отец до фудбалерите на Јувентус и Лацио кои на 16 мај 2017 година ги прими во пресрет на финалеto на италијанскиот куп.
Кратко им се обрати на играчите, истакнувајќи ја притоа важноста на спортот во нашето време. Фудбалерите имаат голема одговорност затоа што професионалниот фудбал има силно влијание на луѓето, посебно на младите. „Ѕвездите“ лесно стануваат примери и од таа причина секој натпревар е испит на рамнотежа, самоконтрола и почитување на правилата. Кој со своето однесување ги покажува тие особини, станува пример за своите обожаватели. Посакувам секој од вас да биде сведок на посветеноста, искреноста, хармонијата и човечноста – истакна папата Фрањо.
Понекогаш, за жал, за време на натпреварите знаат да се случат насилни инциденти кои пречат на натпреварот и здравото забавување на луѓето – предупреди Папата. Се надевам дека, толку колку што е во ваша моќ, секогаш ќе настојувате да помогнете спортската активност да остане тоа што е и благодарение на личното залагање на сите, дека ќе ги поврзите спортистите и целото општество – рече светиот Отец и на крајот им се заблагодари за нивната посета, посакувајќи им добар натпревар.
РВ/к.мк