Папата се сретна со персоналот на поликлиниката Гемели во Ватикан: „Ви благодарам за доброто служење“

Папата се сретна со персоналот на поликлиниката Гемели во Ватикан: „Ви благодарам за доброто служење“

Папата Фрањо во среда 16 април 2025 година во просториите зад салата Павле VI. прими околу 70 лица, вклучувајќи ги и раководителите на управата и персоналот на Поликлиниката, Католичкиот универзитет и Дирекцијата за здравје и хигиена на Ватикан; Средбата траеше околу 20 минути. Папата им се заблагодари за грижата и помошта што ја доби и им ги вети неговите молитви, а потоа ги поздрави поединечно.

„Ви благодарам за вашето служење во болницата, многу добро, продолжете така! Нешто помалку од еден месец по неговото отпуштање од поликлиниката „Гемели“, папата Фрањо сакаше да го прими персоналот на поликлиниката која стана негова резиденција за време на неговата 38-дневна хоспитализација поради билатерална пневмонија. Додека тој продолжува да се опоравува во Домот Света Марта, иако се уште не ги продолжил своите јавни активности (освен неочекуваните посети на плоштадот и базиликата Свети Петар), Светиот Отец сепак сакаше да организира средба со оние кои му помагаа и се грижеа за време на неговата болест. Денес, 16 април, нешто пред 11 часот во малата просторија зад салата Павле VI. Папата прими околу 70 луѓе, вклучувајќи ги и раководителите на управата и персоналот на римската болница, која веќе четири пати го прими аргентинскиот Папа во својата болница. Со нив беа претставници на Католичкиот универзитет и Државната управа за здравство и хигиена на Ватикан, кои му помагаа за време на неговата хоспитализација во февруари и март. Сите со долг аплауз го поздравија Папата, кој пристигна во количка.

Ви благодарам за грижата и помошта

Папата Фрањо со поодлучен глас кој полека закрепнува благодарение на респираторната физикална терапија која продолжува заедно со моторната терапија, упати зборови на благодарност до присутните: „Ви благодарам за сè што направивте“, нагласи тој и, обраќајќи ѝ се на ректорката на Универзитетот, Елена Бекали, додаде: „Ви благодарам, многу сте силни… Кога жените се на чело, работите функционираат! На крајот, Папата рече дека се моли за сите нив и побара и тие да се молат за него.

Поздрав од претседателот Франко и подароци

Пред обраќањето на Папата, претседателот на Управниот одбор на Фондацијата Гемели, Даниеле Франко, му упати на Светиот Отец честитки за Велигден и му изрази најдобри желби за негово закрепнување: „Блиску сме до вас во молитвата. Би ни било многу мило повеќе да не се враќате во поликлиниката како пациент, туку да ги посетите нашите пациенти, посебно оние кои се во тешка здравствена состојба, деца и стари“, рече Франко и додаде: Нашите лекарите вложуваат многу во грижата и односите со пациентите, но сигурен сум дека вашиот збор на утеха ќе им помогне на пациентите и нивните семејства. Ве чекаме, но не како пациент! Благодариме, Свети Оче, се надеваме дека наскоро ќе се вратите во добра форма.“

Потоа папата фрањо ги поздрави присутните поединечно, почнувајќи од ректорката Бекали, која му подари букет бели и жолти цветови во име на целата заедница на поликлиниката Гемели и Католичкиот универзитет. Папата доби и велигденски јајца, бонбони и цртежи од некои деца. Целата средба траеше околу 20 минути и заврши со заедничко фотографирање.

Поздрав од поликлиника Гемели

Во неделата наутро, на 23 март, кога беше отпуштен од болницата, папата Фрањо сакаше накратко да ги поздрави вработените и највисокото раководство на Католичкиот универзитет и поликлиниката Гемели, заедно со медицинскиот тим што се грижеше за него. Сите потоа го придружуваа Папата на плоштадот пред Поликлиниката околу пладне, заедно со околу 3.000 луѓе собрани да го поздрават римскиот бискуп. Меѓу нив имаше и бројни пациенти. Елена Бекали во изјавата напиша дека токму тоа го отсликува страдањето кое папата Фрањо сака да го сподели, а не да го сокрие, со што ја потврди длабоката човечност што го карактеризира целото негово учење. „Ако Црквата е навистина повикана да биде теренска болница, како што вели папата Фрањо, поликлиниката Гемели и медицинските и хируршките факултети поврзани со неа можат само да се радуваат што можеа да го дадат својот придонес во закрепнувањето на Светиот Отец“, рече ректорката, заблагодарувајќи им се на лекарите и медицинските сестри кои ја покажаа својата професионалност, посветеност и човечност, во духот на тоа звање за грижата кое така воодушевено го опиша папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот