Папата се сретна со началникот на армијата на Мјанмар

Папата се сретна со началникот на армијата на Мјанмар

Папата Фрањо се сретна со началникот на армијата на Мјанмар, генерал Мин Аунг Хлаинг, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Средбата „на учтивост“ според ватиканскиот протокол, беше предвидена за 30 ноември, но се одржа на 27 ноември во архиепископијата на Јонгон.

За време на разговорот беше разговарано за „големата одговорност на властите во тековниот период за земјата“, изјави ватиканскиот гласноговорник Грег Бурке.

Началникот на армијата на Мјанмар, генерал Мин Аун Хлаинг, се смета за еден од најмоќните луѓе во Мјанмар, по завршувањето на воената диктатура во ноември 2015 година.

Мјанмарската армија е обвинета за насилство врз муслиманското малцинство Рохинџи. ООН го повика Мјанмар да ги прекине воените операции врз Рохинџите и да се придружува до законот, а САД наметнаа нови санции на Мјанмар (откако беа наметнати во 1997 година и укинати од Барак Обама во 2016 година) поради прогонот на Рохинџите. Според Светската организација, повеќе од 600.000 претставници на ова муслиманско малцинство побарале азил во соседен Бангладеш.

На 24 октомври Мјанмарската армија објави декларација од 10 точки во која негира дека ги преминала границите на законот и дека „едностраните обвинувања против Мјанмар и претставници на безбедноста, за нападите врз бенгалските екстремистите во западниот дел на државата во државата Ракџан се целосно невистинити“.

За време на средбата со Папата, генерал Хлаинг бил придружувал од група високи офицери од Одделот за специјални операции. На крајот од средбата биле разменети традиционални подароци, при што папата Фрањо подари плачкета од апостолската посета, а од своја страна генерал Хлаинг му подари на Папата харфа во форма на чамец и една декорирана чинија за ориз.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот