Папата се сретна со затворските капелани
Бог не е надвор од затворските соби, туку е во нив, со затворениците – рече Светиот Отец во говорот упатен до затворските капелани со кој се сретна пред Генералната аудиенција во среда 23 октомври во салата Павле VI. Затворските капелани минатите денови учествуваа на конференција на тема „Правда: казна и помирување – Слободни за ослободување“.
Папата срдечно им се заблагодари на капеланите во италијанските затвори, замолувајќи ги да ги поздрават сите затвореници. Ве молам кажете им дека се молам за нив, дека ги носам во срцето, се молам за нив на Бог и Богородица за да можат да го пребродат ова тешко време од нивниот живот, да не запрат, да не се затворат во себе. Секогаш треба да им се говори дека Бог е со нив – истакна папата Фрањо и додаде:
Говорете им со дела, зборови и со срцето дека Госспод е внатре, а не надвор, дека не е надвор од затворската ќелија, дека не е надвор од затворот. Можете ова да им го кажете: Господ е со нив во затворот и тој денес е затвореник, врзан со нашиот егоизам, системи, бројни неправди, бидејќи е лесно да се казнат немоќните, додека „големите риби“ слободно пливаат. Ниту една самица не е толку изолирана за да може да го изолира Бог, ниту една; тој е во неа, плаче со затворениците, работи и се надева со нив – рече Светиот Отец.
Неговата татковска и мајчинска љубов допира насекаде – продолжи Папата, молејќи секој да го отвори своето срце за таа Господова љубов. Папата им откри на капленати дека и денес сѐ уште одржува контакт со некои затвореници во Буенос Аирес, дека од нив добива писма и телефонски се слуша со нив.
Понекогаш им се јавувам, посебно во недела, и раговрарам со нив. А кога ќе го завршам разговорот размислувам: Зошто е тој таму, а не јас, бидејќи постои причина и јас да бидам таму? Ми користи такво размислување, бидејќи имаме исти слабости и зошто тој се сопна, а не јас? Таа тајна ме поттикнува на молитва – рече Папата.
Папата Фрањо молеше и за вработените во затворотите, за нивната служба, која не е едноставна, туку е со големи барања и е многу важна, бидејќи покажува „дела на милосрдие“ и ја прави „видлива Господовата присутност во затворот“.
Вие сте знак на близината на Христовите браќа, на кои им е потребна надеж. Минатата недела зборувавте за праведноста и помирувањето, но и за праведност на надежта, отворени врати и хоризонти, Тоа не е утопија, бидејќи може да стане реалност. Не е лесно, бидејќи нашите слабости се насекаде, и ѓаволот исто така е насекаде, искушенијата се насекаде, но се исплаутва секогаш да се обидуваме – истакна Светиот Отец.
Завршувајќи го говорот, Папата се обрати до Блажена Девица Марија, Мајка на сите затвореници. Папата Фрањо во првите месеци од понтификатот прими повеќе од петстотини писма од италијснаките затвореници. Според официјалните податоци, 233 капелани се гржат во италијанските затвори за околу 64 илјади затвореници, не сметајќи ги лицата во домашен притвор.
На аудиенцијата на папата Фрањо му е поклонета патничка торба, која за него ја изработија затвореници од римскиот затвор Ребибија.