Со нетрпение очекуваниот говор на Папата до водачите на Епископските конференции на Латинска Америка (CELAM), пружи богат и разновиден спектар на идеи и предлози за сепфатен одговор на многу предизвици на латиноамериканскиот континент во ова време на промени.
Папата Фрањо е силно поврзан со CELAM, институција која објавила серија клучни документи за тамошната Црква, вклучувајќи го и клучниот документ „Аперацида“, кој го напиша токму надбискупот на Буенос Аирес, Хорхе Бергољо. Тој документ е заснован на уверувањето дека Црквата мора „да се извлече од сите застарени структури кои не придонесуваат за пренесување на верата“, се гледа како на еден вид „манифест“ во понтификатот на папата Фрањо и секогаш повторно се појавува во неговата визија за денешната улога на Црквата.
Неговиот говор до водачите на CELAM, кој го одржа на 7 септември 2017 година во Богота, го потврди цврстото уверување на папата Бергољо, дека единствениот начин нивното послание на континентот да напредува е да се засили и прошири улогата на младите, жените и лаиците воопшто, доверувајќи се на нивната помош во Црквата, за да се одговори на бројните предизвици со кои е соочена.
Папата ја потврди својата доверба во CELAM и ги потсети присутните дека посланието на тоа тело е Исусовата порака за спасение да се стави во центарот на самата Црква „што го прави критериум за мерење на делотворноста на нејзините структури, резултатите на нејзините напори, плодноста на своите служители и радоста која треба да ја продлабочат.“ Ги повтори зборовите, повеќе пати кажани за време на својот престој во Колумбија: „Без радоста – рече – никого не привлекуваме.“
Зборуваше за потреба од близина и средба кои – како што рече – се средство со кое Бог се користи и „со кое Христос секогаш ни се приближува, за да се сретне со нас“ и додаде дека „Ако во своето послание не тргнеме со нив, брзо ќе се загубиме.“
Папата го истакна фактот дека „посланието со Исус во Латинска Америка денес“ значи да се биде конкретен и ги повика браќата епископи да не бидат парализирани во „климатизираните канцеларии“, повикувајќи ги да „разговараат со мажите и жените, во нивните конкретни ситуации“ и во контакт „еден на еден“ (во четири очи).
Папата Фрањо исто така ја допре и улогата на CELAM во поттикнувањето внатре-континентално единство во Црквата и пошироко во општеството и ја пофали работата за изградба на мостови, рушење на ѕидови, интеграција на разноликоста и промовирање на средба и дијалог. „Нема трајно градење во Латинска Америка без тие важни темели“ – рече Светиот Отец. Долгиот и сложен говор Светиот Отец го заврши со повикот на Црквата во Латинска Америка својата доверба и надеж да ја стави во три елементи: во младите жените и лаиците.
Папата Го повика CELAM да вложува време и средства во оспособување на млади и зацврстување на лаици католици кои во Црквата ги опиша како протагонисти. А силни зборови упати во поглед на улогата на жените без Црквата ќе ја изгуби својата моќ „постојано одново да се раѓа“, како и тоа дека – „ако се надеваме на ново и живо поглавје на верата, на овој континент, тоа нема да можеме да го оствариме без жената.“
Папата на присутните уште еднаш ја упати главната порака од Апарецида и заклучи дека најдлабоките проблеми на Латинска Америка нема да бидат решени со „одговори од учебникот“, ниту со „talk-show одговори“, туку преку „христијанската едноставност сокриена од моќниците, а објавена на понизните.“
РВ/к.мк